Закон на штета на лицата со попреченост шверцува власта во скратена постапка

shahpaska-1

Loading

Тагови:

Донирај онлајн

Откако СДСМ е на власт, стана пракса носење на закони или законски измени по скратена постапка. Овој пат, на ред се измени на Законот за социјална заштита, каде што се предвидуваат низа измени, кои што се на штета на лицата со попреченост.

Со овие измени се предвидува досегашната стручна служба, која што даваше наод и мислење за лицата со попреченост, да се замени со Служба за функционална проценка.

За оваа Служба воопшто не се знае во каков состав е и каква точно надлежност има, додека досегашните стручни тимови беа составени од тројца доктори специјалисти, кои што даваа стручен наод и мислење за состојбата или дијагнозата на лицата со попреченост.

Исто така, со новите измени на Законот, наместо поедноставување на процедурите потребни за преглед, анализа и конечно мислење за лицата со посебни потреби, истите се усложнуваат.

Така на пример, доколку незадоволното лице поднесе жалба против решение на Центарот за социјални работи, тогаш Министерството за труд и социјална политика согласно законските измени кои што се предлагаат, повторно ќе треба да бара наод и мислење од Службата за функционална проценка, што воопшто не е логично, бидејќи истиот орган веќе еднаш дал мислење за истото лице, а исто така и дополнително ќе ја одолговлечи постапката по жалба, а со тоа и времето за остварување на правата на лицата со попреченост.

Друга новина, која што исто така е предвидена со предложените законски измени, се однесува на лицата со попреченост кај кои што е констатирана трајна состојба. Лицата со траен наод, исто така ќе бидат принудени, за да ги остварат своите права повторно еднаш годишно да бараат наод и мислење од институциите, иако нивната состојба е трајна и нема да се промени.

Со овие законски измени, освен што се комплицира и усложнува постапката за остварување на правата на лицата со попреченост, не се воведуваат никакви новини за унапредување на правата на овие лица, туку напротив, истите се обесхрабруваат да ги бараат своите права, под страв од заглавувавање во бирократските лавиринти.

Пратениците на Левица нема да ги поддржат овие законски измени и ќе се залагаат за законски решенија кои нудат поголема инклузивност во општествените процеси на лицата со попреченост.

Loading

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ