Земјоделците повторно на протест во Струмица поради ниските откупни цени – Левица дава поддршка

Loading

Тагови:

Донирај онлајн

Земјоделците од струмичките села денес повторно одржаа протест поради ниските откупни цени. Овојпат протестот беше во центарот на Струмица.

Државата не води сметка за увозот на патлиџани, а прекупците се оставени со одврзани раце. Резултатот е ниска почетна откупна цена, која по правило до крај на откупот секогаш паѓа.

Со понудената цена, земјоделците не можат да си ги покријат ниту трошоците за производство што како краен ефект има дестимулација на земјоделците, намалување на производството во идните години, запустување на полето и иселување од државата.

За да се спречи тоа, мора во наредните десет дена да се преземат итни мерки.

Пратеникот Сашко Јанчев и координаторот на Секор – земјоделие на Левица повторно беа на протестот да им дадат поддршка на земјоделците.

За потсетување, Левица во својата програма предвидува: разбивање на зелената мафија, отворање на државни откупни центри кои ќе ги диктираат фер – цените за откуп, пополнување на стоковните резерви на државата само со домашно производство со однапред склучени договори со земјоделците, гарантирани фер – минимум откупни цени и отворање државни ладилници од кои ќе се снабдуваат со домашно произведена храна: АРМ, градинки, школи, болници итн.

Loading

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ