Жените-земјоделки без право на породилно боледување

nikolovski

Владата најави дека сите жени земјоделки ќе добиваат еден вид на социјална помош од 81 илјади денари за 9 месеци, како замена за платено породилно отсуство и оваа мерка ќе трае само во 2023 година.

Законот за здравствено осигурување не препознава породилно отсуство за жените кои се регистрирани како земјоделци, па овие жени се дискриминирани во поглед на исплата на породилно боледување.

После 6 години на власт, квази социјалдемократската партија СДС, наместо да се занимава со заштита и унапредување на работничките права на сите, а воедно и на земјоделците кои вршат исклучително важна дејност во општеството, тие останаа во служба на крупниот капитал и олигархијата, занемарувајќи ги и потценувајќи ги земјоделците. Доказ за тоа е масовното иселување на селаните и секојдневното откажување од вршење на оваа дејност!

Наместо преку Законот за здравствено осигурување да се нормираат овие маргинализирани работници и да им се овозможи стабилност, државата донесува ad hoc решенија кои имаат едногодишен карактер, преку 9 месечна исплата по 9 илјади денари.

Да потсетиме дека Левица како партија на работничката класа и земјоделците, во својата програма предвидува ослободување од плаќање на придонеси за пензиско и здравствено осигурување на сите регистрирани земјоделци, а со тоа и породилното отсуство ќе бидат на товар на државата.

ПОЛИТИЧКА ПАРТИЈА ЛЕВИЦА

10.2.2023

Loading

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ