Уште една жртва на системот: после Тони Сали почина и Мемет Камбер – лице без лични документи

левица бело

Loading

Тагови:

Донирај онлајн

Длабоко сме огорчени поради трагичната смрт на Мемет Камбер, лице на кое му беа ускратени основните права и пристапот до здравствена заштита, само затоа што ги немаше потребните документи за да го докаже неговиот престој во Македонија. Овој трагичен настан е само потсетник на системската дискриминација и маргинализација со која ромската заедница продолжува да се соочува во нашето општество.

Ова не е ваков прв случај да се загуби животот поради бирократски пречки. Тони Сали, исто така поради бирократски процедури, не можеше да добие извод и да оствари право на здравствена заштита. Сали почина пред две години, а постхумно доби награда од Град Скопје за матурант – првенец на генерација. За трагичниот случај со Сали никој не понесе одговорност, а тогашниот директор на Управата за водење на матични книги, Бујар Дардиша, подоцна беше унапреден во управител на ЕСМ Дистрибуција.

Правда

За руинираноста на институциите говори пресудата на Врховен суд од 2022 година, која во случајот со Тони Сали, после неговата смрт, утврди дека Граѓанскиот суд бил должен да постапува по тужбата на Тони Сали за утврдување на татковство и мајчинство, а не да се прогласи за ненадлежен. Одговорност повторно – нема.

Бизарноста на заробените институции беше до степен да Второстепената комисија, со која раководи Даница Чадиева, надвор од рокот и еден месец откако почина Сали, ја уважила неговата жалба против Управата за водење матични книги и случајот го вратила на решавање. Исто како да е жив.

Иако пред три години е донесен Законот за неевидентирани лица во матичната книга на родените, отсуствува ажурност кај институциите за негово имплементирање, што се потврди со трагичниот случај со Мемет Камбер од пред неколку дена. Недостигот на документација за поединците од маргинализираните заедници дополнително ја влошува нивната ранливост, оставајќи ги без пристап до основните услуги, како што се здравствената заштита, образованието и можностите за вработување. Тоа е јасен показател на нееднаквостите што опстојуваат во нашето општество.

Јавно го повикуваме премиерот Ковачевски да не го премолчи и овој трагичен случај и да ги лоцира одговорните лица, поради кои Мемет Камбер го загуби животот. До кога ќе се штитат партиските кадри – на сметка на човековите животи?

ПОЛИТИЧКА ПАРТИЈА ЛЕВЦА

30.05.2023

Loading

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ