Изјава на пратеникот од Левица, Амар Мециновиќ, за кинеските медиуми:
„Пред сѐ, ова беше за мене прв пат да се возам со самоуправувачки автобус, а покрај тоа производствените капацитети кои денес ги видовме се нешто што немам видено досега и служат како доказ зашто оваа компанија е лидер во индустријата.
Мислам дека Скопје навистина би имало голема придобивка од овој тип на модерни нови автобуси затоа што сите веруваме дека квалитетен јавен транспорт е неопходен за квалитетен живот за граѓаните.”
Пратеникот Мециновиќ оствари средба со раководството на фабриката како и со претставници од одделот за меѓународна соработка со југоисточна Европа. Се разговараше за претходната соработка, од пред една деценија, и за потенцијалот за повторно окрупнување на јавниот превоз во Скопје со овој бренд на автобуси.
ДПМНЕ и СДС со години ја блокираат набавката на нови автобуси за Град Скопје – ова неодговорно однесување најмногу удира по секојдневието на граѓаните.