Левица и претседателот на Партијата проф. д-р Димитар Апасиев упатија срдечна честитка до претседателот на Венецуела Николас Мадуро и Обединетата Социјалистичка Партија на Венецуела за изборната победа.
Македонскиот народ изразува солидарност со борбата на Венецуела во отпорот и издржливоста наспроти притисоците и препреките кои ги вложуваат империјалистичките сили во обид да се компромитира суверенитетот на државата, како и економскиот и општествен развој.
Да живее слободната, братска и интернационална соработка помеѓу народите!