АСНОМ е темелот на македонската државност – АСНОМ живее!

Loading

Тагови:

Донирај онлајн

По повод двата Илинденa Левица им го честита 2 Август на сите Македонци со порака дека ние, Македонците, мора да учиме од минатото и да изградиме држава, која ќе биде држава за народот, наместо како досега, држава заробена и алатка во рацете на тесен круг имотна врхушка.

Нашите предци се залагаа и бореа за остварување на основната цел од историјата на еден народ – сопствена држава. Низ борбата беа испробувани разни пристапи и стратегии, разни мислења и идеали беа носечки, повеќе симболи и организации стоеја на чело на борбата, за конечно, на 2 Август 1944, да се основа Народна Република Македонија.

Иако Македонците претрпеа бројни порази, иако плејада Македонци ги дадоа животите за Македонија, идејата за слободна Македонија никогаш не згасна и стана реалност. АСНОМска Македонија е темелот на македонската државност до ден денес. АСНОМ е резултат на бројните претходни обиди за државност како Крушевската Република и на искуството кое македонскиот народ го стекна низ историјата. Искуството кое покажа дека единствениот пат на македонскиот народ кон државност е преку борбата против силите на империјализмот и во сојузот со сите од него угнетени народи низ светот.

Социјалното ослободување за кое се изборивме низ партизанските војни, денес тоа е уништено и намерно потиснато во заборав. Со криминалната приватизација од 1991 година до денес се уништија социјалните темели на Републиката и македонскиот работник се врати во наемното ропство на малкуте имотни, кои работат во корист на страни интереси. Од работници нѐ поделија на етникуми и денес паразитираат на нашата неслога.

Денес, нашата задача како Македонци, е да учиме од искуството на нашите предци и истото да го преточиме во дела кои соодветсвуваат со овој историски момент. Нашата цел е да го спречиме разурнувањето на македонската државност и да обезбедиме иднина за нашите поколенија во своја независна и слободна држава. Во нас и нашите идеали е зачуван духот на Македонија, кој не смее да биде само сон – АСНОМ живее!

ПОЛИТИЧКА ПАРТИЈА ЛЕВИЦА
02 август, 2021

Loading

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ