Претседател


Претседателот на ЛЕВИЦА е лице кое ја претставува и застапува Партијата во надворешниот правен промет и е овластен потписник на партиската банкарска сметка по функција. Претседателот го избира Президиумот од своите редови, со апсолутно мнозинство гласови.

Мандатот на Претседателот е четири години, односно меѓу два редовни Пленува, со неограничено право на реизбор.

Актуелен претседател на Левица е Димитар Апасиев.

Апасиев (1983, Велес) е доктор на правни науки. Дипломирал, магистрирал и докторирал како првенец на повеќе генерации на Правниот факултет „Јустинијан Први“ во Скопје. Тој е долгогодишен активист на Движењето за социјална правда „Ленка“ и член на президиумот на Левица. Има учествувано на преку стотина домашни и меѓународни научни симпозиуми. Автор е на десетина правни книги и монографии, како и на над 50 статии и стручни трудови. Бил правен консултант на неколку правосудни државни органи, синдикални организации, граѓански здруженија и неформални активистички иницијативи. Во моментов работи како доцент на Правниот факултет при Државниот универзитет „Гоце Делчев“ – Штип, Катедра за граѓанско право. Предава: Римско право, Судскa реторика и Философија на правото.