Роберт Наумоски – носител на советничка листа во Општина Ѓорче Петров

[tdc_zone type=”tdc_content”][vc_row][vc_column][td_block_text_with_title]

Роберт Наумоски
носител на советничка листа во Општина Ѓорче Петров

[/td_block_text_with_title][/vc_column][/vc_row][vc_row][vc_column width=”5″][vc_single_image media_size_image_height=”150″ media_size_image_width=”150″ image=”14684″ height=”425″][/vc_column][vc_column width=”7″][vc_column_text]

Накратко би се опишал себеси како посветен сопруг, грижлив родител на две деца, чесен и одговорен граѓанин и жител на Општина Ѓорче Петров. Долгогодишен спортист, вработен како забен техничар со 25 години работно искуство.

Кратка биографија (образование, професија и работно искуство)

Роден сум во 1968 година во Виена, Австрија, а денес живеам во општина Ѓорче Петров. По професија сум забен техничар со 25 годишно работно искуство. Се гледам себеси како посветен сопруг, грижлив родител на две деца, чесен и одговорен граѓанин и жител на Општина Ѓорче Петров. Долгогодишен спортист, член и поранешен претседател на ККК Ластовица. Сопственик на КК ТНТ Ѓорче Петров. Благајник и член на менаџерскиот тим – Здружение на забни техничари, а исто така и организатор на многубројни семинари како во земјата, така и во странство.

[/vc_column_text][/vc_column][/vc_row][vc_row][vc_column][vc_column_text]

Мотивација за вклучување во политика

Во политиката решив да се активирам поради револтот кој го создадоа кај мене двете големи политички партии кои со години работат против интересите на народот и државата. Не можам да останам нем сведок на корупцијата и грабежот со кој се соочуваме.

Што сакам да постигнам и променам во моето опкружување и општеството?

Преку честите професионални и туристички патувања забележав дека нашето општество се движи во многу погрешна насока. Пред сѐ, на полето на зелена и здрава животна средина, инфраструктурата, грижата за народот и сл. Потребно е ставање крај на урбаниот хаос и непланското градење. Се залагам за создавање на атрактивни локации и проекти, каде жителите ќе го поминуваат своето слободно време ВО, наместо, како досега, ВОН општината. Како спортист и спортски работник особено ќе се заложам за обновување и одржување на спортските објекти во општината и достапност на истите за сите млади.

Зошто ја избрав и се кандидирам преку Левица?

Од моето долгогодишно политичко искуство воочив дека Левица е единствената политичка партија која може да ни го врати достоинството, партија која се бори за промена, партија која на сите ни беше потребна. Особено го ценам фактот дека немаат валкан багаж и дека се неуморни борци за промени.

Мојата порака до народот

Мои сограѓани, соседи, чесни луѓе, ве повикувам да ни ја дадете вашата поддршка за влез на што повеќе советници од Левица, кои ќе бидат клучен фактор за донесување на одлуките во Советот. Да ја срушиме долгогодишната хармонија која владее во одлучувачкото тело на општината насочена кон гласање ЗА лични интереси на корумпираните долгогодишни окупатори на градовите и државата, а ПРОТИВ интересите на жителите. Само на тој начин би ги оневозможиле нивните нечесни и корумпирани дела. Бидете дел од промената!

[/vc_column_text][/vc_column][/vc_row][/tdc_zone]