Сашко Јанчев – носител на советничка листа во Општина Гевгелија

[tdc_zone type=”tdc_content”][vc_row][vc_column][td_block_text_with_title]

Сашко Јанчев 
носител на советничка листа во Општина Гевгелија

[/td_block_text_with_title][/vc_column][/vc_row][vc_row][vc_column width=”5″][vc_single_image media_size_image_height=”150″ media_size_image_width=”150″ image=”14535″][/vc_column][vc_column width=”7″][vc_column_text]

Накратко би се опишал како обичен човек, кој едноставно не може да трпи и да молчи пред неправда. Дипломиран правник и магистер по кривично право на Правниот факултет „Јустинијан Први”, член на ЦК на Левица и модератор на ЛО Гевгелија. Трудољубно го посветувам наголемиот дел од времето на работата како правник, а љубовта кон животот ја исполнувам со семејството, пишаниот збор, спортот, другарите, и политиката. Основач сум на локално – гевгелиско хуманитарно здружение, како и активен член во гевгелиското здружение за соработка со здруженија кои се борат за здрава животна средина и против рудниците на смртта на Југоистокот.

Кратка биографија (образование, професија и работно искуство)

Роден сум 1989 година во Гевгелија. Овде го завршив и основното образование во улилиштето „Крсте Мисирков“, како и средното во училиштето „Јосиф Јосифовски“. Во Скопје, на Правниот факултет „Јустинијан Први“ во Скопје, димпломирав и магистрирав на катедрата по кривично право.

[/vc_column_text][/vc_column][/vc_row][vc_row][vc_column][vc_column_text]

Потекнувам од земјоделско семејство. Како најголем дел од нашиот народ што животот го минува работејќи ја земјата на која гази, така и јас своите средношколски и студентски денови ги поминував во чесен земјлоделски труд, кога не бев сезонски работник во локалните фабрики. Тој живот ме научи дека работите се градат макотрпно и без кратенки.

Следната лекција, пак, беше за како неправедно може да се уништи тоа што се градело. Кога мој роднина неправедно ја изгуби својата работа, тоа ме натера да се запрашам – како тој што гине работејќи може многу лесно да се случи да нема ништо? Од друга страна, тие кои го користат трудот на работниците, создаваат империи и династии? Како тоа, тие што имаат сѐ, се малкумина, а тие чии животи зависат од следната плата – ги има најмногу? Како волјата на парите одлучува кој губи, а кој добива? Приватна сопственост ли е Републиката? Во потрага по одговорите, разумот од мене создаде левичар! Но, и кога ги немаме одговорите, јасно како ден е дека системот е свртен на глава, а вратот му го стегаат канџите на капиталот!

Освен што изминатите пет години работам како правник, исто така сум и основач на локално – гевгелиско хуманитарно здружение, како и активен член во гевгелиското здружение за соработка со здруженија кои се борат за здрава животна средина, и против рудниците на смртта на Југоистокот, дополнително, пишувам колумни и поезија.

Мотивација за вклучување во политика

Сѐ зависи од политиката! Во зборовите на Брехт, и цената на гравот, и рибата, брашното, киријата, чевлите, лековите – сите животни трошоци зависат од политичките одлуки. Кога наородот не учествува во политиката и кога го трујат со незнаење, тоа значи дека некој друг за нив одлучува. Некој, за кој се покажа досега дека народот му е само средство за одржување на власт и создавање на лична корист. Оттаму се и сите трагедии во нашите животи. Најголемите крадци – корумпираните политичари во џебот на нивните спонзори – олигарсите, директно придонесуваат за создавање на семејства кои пукаат под притисокот од животот кој им е наметнат. Затоа, моја должност кон својот народ е да застанам рамо до рамо со него во борбата против ова зло!

Што сакам да постигнам и променам во моето опкружување и општеството?

Долгорочно, сакам да бидам дел од будењето на свеста за капиталистичката експлоатација на луѓето и природните богатства. Да се победи молкот за  тоа како сиромаштијата и уништената животна средина се последица токму на таа експолатација. Да се разбере каде е општествената моќ, и зошто таа, сосоема погрешно, се наоѓа во рацете на експлоататорите. Да сфатиме дека народот таа моќ може да ја земе само ако посегне по неа. Задушените да го издишат загадениот воздух од оние кои ги гушат, и преку државниот апарат да се ослободат!

Во нашата општина, краткорочно, сакам да го спречам тендер системот кој го гуши сегашниот потенцијал на јавните општински претпријатија. Кај нас јавните претпријатија не ги задоволуваат локалните потреби во нивните годишни активности за кои плаќаме данок. Наместо нив, локалните власти преку распишани тендери, склучуваат зделки со фирми на партиските и лични пријатели, кои за возврат ни го наплаќаат стореното за повисоки цени. Мојата цел е да се спречи урбанистичката (урбаната) мафија да ни ги крои урбанистичките планови. Да запрат партиските вработувања!

Затоа, јас подржувам основање на општински јавни претпријатија кои во целост ќе ја исклучат потребата од распишување на тендери за обезбедување јавни услуги. Дополнително, се залагам за основање на фирми во општинска и државна сопственост кои ќе создадат нови работи места, со цел исполнување на економските капацитети во Гевгелија.

Долгорочно,  во општината, да се предвиди работничко откупување на овие фирми во јавна сопственост, со цел на самоуправување кое би ги заштитило од искористување. Фирмите нема да бидат мотивирани да создаваат профит за своите газди, туку корист за општеството и пристоен живот за работниците. Мислиме дека не е возможно? Би го посочил Берлин (Германија), како град во кој во моментот се случува револуција во бројот и растот на компании кои се во сопственост на работниците. Возможно е, само треба да можеме да го замислиме.

Зошто ја избрав и се кандидирам преку Левица?

Левица ја основавме како народна партија. Партија на тие кои не се дел од владеечките структури. Левица нема цел да ги менува штрафчињата во расипаниот систем, туку потоплно да го смени и преврти. Затоа, политичкиот ангажман има смисла само преку Левица.

Мојата порака до народот

Прв чекор кон промени се нови луѓе, докажано чесни и непоткупливи. Докажано храбри, борбени и со знаење кое е неопходно за создавање на здраво општество, по мерка на човекот.

Доста е! Изгубивме скапоцено време во чекање некој да ни фрли трошки, додека самиот создава империи.

СТАНЕТЕ ДА СЕ ОСЛОБОДИМЕ.

НЕМА НИШТО ПОМОЌНО ОД СПЛОТЕНА НАРОДНА ВОЛЈА!

[/vc_column_text][/vc_column][/vc_row][/tdc_zone]