Сенада Ибраимова – носителка на советничка листа во Општина Штип

[tdc_zone type=”tdc_content”][vc_row][vc_column][td_block_text_with_title]

Сенада Ибраимова
носителка на советничка листа во Општина Штип

[/td_block_text_with_title][/vc_column][/vc_row][vc_row][vc_column width=”5″][vc_single_image media_size_image_height=”150″ media_size_image_width=”150″ image=”15117″ height=”425″][/vc_column][vc_column width=”7″][vc_column_text]

Во кратки црти, би се опишала како долгогодишен поборник за социјална правда и еднаквост. Дипломирана новинарка на факултетот за Комуникации при Универзитетот „Еге“ во Измир, Турција, активист во Движењето за социјална правда „Ленка“ и еден од иницијаторите за формирање и основач на политичката партија Левица. Покрај политичкиот активизам во организација, сум работела како новинарка, бев дел од неколку филмски продукции на документарен филм со социјални теми, како асистент на режија, фотограф и сценарист, а работам и превод на литературни дела од турски на македонски јазик.

Се залагам за ревизија на претходните погрешни политики на власта, грижа за народот и работничлката класа, запирање на корупцијата и инсистирање на одговорност. Како некорумпирани, чесни, искрени, доследни и млади борци, без претходен политички, коруптивен багаж, имаме лице да бидеме коректор на власта. А како сведоци на транзицијата, желни сме за драстична промена на политичката сцена во Македонија, бидејќи општиот интерес го ставаме секогаш пред личниот!

[/vc_column_text][/vc_column][/vc_row][vc_row][vc_column][vc_column_text]

Кратка биографија (образование, професија и работно искуство)

Родена сум во Штип, 1985 година. Студирав Комуникации при Универзитетот „Еге“ во Измир. Како трето дете на двајца стечајци, од кои еден тогаш штотуку починат, по завршување на Гимназија немав прилика ни до Скопје да отидам, а камо ли да студирам. Единствена опција ми беше да конкурирам за скромна државна стипендија која ја нудеше Турција преку нивната амбасада во Скопје. Прво бев примена на едногодишен интензивен курс по турски јазик во рамките на универзитетот во Анкара, а откако успешно го завршив, го положив и државниот испит за на факултет и бев примена на факултетот за Комуникации во „Еге“ Универзитетот во Измир, кадешто ги завршив студиите на отсекот новинарство.

Покрај политичкиот активизам во организација, сум работела како новинарка, уредник, бев дел од неколку филмски продукции на документарен филм со социјални теми, како асистент на режија, фотограф и сценарист – долгогодишен соработник на режисерката Билјана Гарванлиева. Освен искуството со Гарванлиева, свој придонес имам и во познатиот филм „Медена земја“, а сум работела и на превод на литературни дела од турски на македонски јазик. Бев активист во Движењето за социјална правда „Ленка“, а денес сум дел од президиумот на политичката партија Левица.

Мотивација за вклучување во политика

Мотивацијата пред сѐ е економската класа на која ѝ припаѓам и секако неопходноста од промени по основ на класното прашање. Оттука, вклучувањето во градење на партија која ја застапува работничката класа на која ѝ припаѓа најголем дел од македонското население се наметна само по себе.

Политиката не е професија, но елитните претставници на буржоаските партии направија тоа да биде така, па дури своите партии си ги користат како претпријатија – корпорации. Партијата, мора да служи во име на народот и идејата за радикална промена на системот – во кој човекот е најголемата вредност. Оттука, сметам дека и покрај секојдневните егзистенцијални потреби и ризици на самиот активист, тој мора да даде жртва за општото добро и за каузата во која верува и кон која стреми таа организација.

Ќе го цитирам слоганот на еден турски печатен весник – „Да мислиш, значи да завземеш страна“. Јас мојата страна ја одбрав уште за време на студиите. Благодарна сум што имав прилика да запознаам искрени, чесни и борбени луѓе таму, вклучувајќи го и мојот драг Учител, професор д-р Хилми Мактав, кој безрезервно и ден денес, морално ме поддржува во она што го правам. Уште повеќе сум благодарна што, кога се вратив од студии и кога мислев дека тука не постои никаква организација идеолошки блиска до мене, на еден првомајски протест пред десетина години ги запознав другарите од Движењето за социјална правда „Ленка“, Димитар Апасиев и Реџеп Исмаил (Хактан) и се приклучив во движењето од кадешто поттекна идејата за Левица.

Со тек на време успеавме идејата да ја пренесеме помеѓу обичниот народ, а сега е време и да го направиме следниот чекор, за истата да се реализира, од внатре од институциите, да го срушиме овој трул систем и да изградиме нов – каде човечкиот труд ќе биде достоинствено вреднуван! Нашите пратеници веќе една година се борат од парламент, иако се двајца, вредат како дваесет. Сега време е масовно да влеземе во советите од кадешто ќе бидеме уште погласни и поборбени.

Што сакам да постигнам и променам во моето опкружување и општеството?

Нашата цел е подолгорочна, не е ниту за еден мандат, ниту за функција. Ние ја формиравме партијата за суштински промени. Колку и советници и градоначалници да влезат од Левица, тоа ќе значи воведување на нов, искрен, автентичен политички дискурс, дебата и аргументација, а оттука и сосема нов систем на политички вредности, насочени кон заштита на општото добро и јавниот интерес. Сакам Штип да биде зелен и чист град, да престанат местените тендери и перење на пари преку „проекти“ – Советот да работи во корист на народот, а не за свој џеб. Штип да не биде дувло на казина и кладилници, да има услови за пристоен и нормален живот за сите.

Зошто ја избрав и се кандидирам преку Левица?

Сум била дел од левичарски здруженија за време на студиите, но не сум била член ниту активист на ниту една политичка партија. Во Левица сум уште кога се роди идејата за едно такво организирање и сметам дека пред тоа не ни постоела друга партија чиј дел би била јас.

Политичката идеологија која ја има Левица – односно идејата за една таква левичарска работничка партија, ми е блиска уште од мали нозе, од деведесетите, кога тогашната власт предводена од СДСМ почна да ги распарчува државните фабрики, меѓу кои и фабриката „Македонка“, кадешто работеше мајка ми и заедно со илјадници работници беа оставени на улица и секако гледајќи како таа, и многу други жртви на промената на системот се мачеа низ годините да не’ изведат на пат – нас, децата на транзицијата.

Оваа идеја – за политичко организирање само растеше и се развиваше во мене во текот на студиите, кадешто рамо до рамо со другарите од Турција, на улица, на протест, во организација, или на самиот факултет, на различни начини ја водевме битката против неправедниот систем.

Мора да спомнам и дека сме најбрзорастечка партија, која народот секојдневно ја препознава и се приклучува во заедничка борба, како против внатрешните узурпатори и предавници, така и против странските влијанија.

Мојата порака до народот

Државата/општината треба да биде ЗА народот, а не за елитите кои триесет години ни’ го крадат животот!

Левица е доследна во своите ставови и идеи, а доказ за тоа се и илјадниците пораки за поддршка, а и за помош кои ги добиваме од работниците, посебно изминатиов период, кога имаше енормни отпуштања од работа, кадешто Левица со свои ресурси се вклучи во одбрана на правата на овие работници.

Ги повикувам сите искрени и чесни луѓе да се приклучат во оваа борба, да излезат на овие избори и да го дадат својот глас за кандидатите за советници на единствената политичка опција во Македонија изминативе 30 години – партијата Левица. Не ветуваме промена преку ноќ, но и не се откажуваме од овој долг и макотрпен пат, да бидеме коректори на власта се’ додека не дојдеме во позиција на самата власт за да правиме коренити системски промени. Она што се нашите пратеници во собранието, ќе бидат нашите советници во општините.

Како што кажал поетот на револуцијата Назим Хикмет Ран – „Најубавите денови се оние кои се’ уште не сме ги проживеале“.

[/vc_column_text][/vc_column][/vc_row][/tdc_zone]