Добредојдовте на официјалната веб-страница на Левица

More

    Скопски изборен штаб

    Скопскиот изборен штаб (СИШ) се формира како постојано работно тело, со главна цел да се артикулираат интересите на Партијата Левица, на локалните ограноци на општините од Град Скопје – а преку зголемување на ефикасноста, ефективноста и оперативноста на Партијата.

    Целите и задачите на СИШ се следниве:

    • екипирање, поврзување и активирање на членството на ниво на главниот град Скопје;
    • прибирање на информации за актуелните состојби и проблеми на ниво на град Скопје;
    • изработка на програми за регионален и локален економски развој;
    • припрема за Локални избори;
    • формирање на локални секторски ограноци и зголемување на активни членови по секторите;
    • отпочнување со образување, воспитување, остручување и оспособување на членството и јакнење на работоспособноста;
    • профилирање членови кои можат да настапуваат на локалните средства за јавно информирање и др.