(Видео) Крмов: ДПМНЕ повторно ќе прифати уставни измени како со Преспанскиот договор

krmov

Пратеникот на Левица – Борислав Крмов од гостувањето во емисијата ,,Што мисли народот” на ТВ Стар, запрашан за можноста за најавените уставни измени, изјави:

 „Од наши извори коишто ги имаме, ВМРО ДПМНЕ се има согласено за уставни измени, само се кршат копјата дали ќе биде пред или после избори. Пред избори, повеќе им одговара на СДС, после избори на ДПМНЕ. Сите партии освен Левица, суверенитетот не го бараат кај народот, туку кај странските амбасади.

Нашите извори велат дека ќе гласа цел парламент (освен Левица), за да им дадат покритие.

Морам да истакнам и да ги предупредам ВМРО ДПМНЕ, ако уште едно предавство како со Преспански се случи, со учество на ДПМНЕ, ќе влезат во процес на распаѓање – пасокизација, слично како што е моментално СДС. ДПМНЕ има едно осипување после Преспански, ако се дрзнат на уште едно продавство, за измени сега на Уставот, и ДПМНЕ ќе влезе во процес на распаѓање.

Потоа ќе остане само Левица како политичка партија којашто ќе ги собере сите прогресивни сили и од лево и од десно, кои сакаат да пружат отпор во центарот којшто е Левица.

Пратеникот на Левица – Борислав Крмов од гостувањето во емисијата ,,Што мисли народот” на ТВ Стар

ПОЛИТИЧКА ПАРТИЈА ЛЕВИЦА

26.01.2023

Loading

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ