сдсм

Владата најави дека сите жени земјоделки ќе добиваат еден вид на социјална помош од 81 илјади денари за 9 месеци, како замена за платено породилно отсуство и оваа мерка ќе трае само во 2023 година....

Денес, официјална делегација на Левица, составена од пратеникот Борислав Крмов, генералниот секретар Јована Мојсоска и членот на Президиумот, Бранко Ристов, положи цвеќе на вечното почивалиште на апостолот на македонската револуционерна борба - Гоце Делчев....

Во пресрет на 4-ти февруари, денот на раѓањето на Таткото на македонската нација - Гоце Делчев, официјална делегација на Левица, предводена од претседателот проф. Димитар Апасиев, за прв пат во политичката историја на независна Македонија, го посети градот КУКУШ (Егејска Македонија) – родното место на овој апостол на македонското револуционерно движење....

Народна банка уште кон крајот на 2021 година започна да ја затега монетарната политика преку зголемување на каматата на благајничките записи и референтната стапка, за да се одржи финансиска стабилност и ликвидност во банкарскиот сектор и да се забави инфлацијата. Од преземените мерки, само лихвобанките остваруваат екстра профити, а народот плаќа сè ПОСКАПИ КРЕДИТИ. ...

Иако МОН им ветија на студентите дека најдоцна до 31.01.2023 година на студентите ќе им ги исплатат средствата за студентски оброк со задоцнување од 30 - тина дена, сепак денеска илјадници студенти повторно останаа без средствата кои им следуваат за да го остварат правото на студентски субвенциониран оброк, а веќе утре треба да почне исплатата на студентскиот оброк за месец Јануари....

Во новиот предлог закон за културата синтагмата „национален интерес“ е заменетa со апстрактниот термин „јавен интерес“, кој е дефиниран како „уметничкото творештво, објавувањето и достапноста на творештвото до сите граѓани на Република Северна Македонија, заштитата на правата кои произлегуваат од творештвото и заштитата на културното наследство....