Кратка биографија (образование, професија и работно искуство)
Дипломиран правник, магистер во областа на миграции од Универзитетот на Оксфорд. Поседувам национално и меѓународно работно искуство од организации за човекови права како што се ОБСЕ, ОДИХР, УНИЦЕФ, ЕРРЦ. Јас сум и долгогодишен активист кој организира масовни протести против полициската бруталност на Алфите во Шуто Оризари, етничката профилираност на Ромите при граничните премини во Македонија, несоодветните услови за живеење и нееднаквиот третман при вработување и образование во Македонија.
Мотивација за вклучување во политика
Верувам во тезата дека „треба да бидеш промената која сакаш да ја видиш“. Затоа, е неизбежно доколку сакаме промени во нашата заедница, во нашата населба, во нашата држава, потребно е и самите да се вклучиме во процесите на ноење одлуки и креирање политики.
Што сакам да постигнам и променам во моето опкружување и општеството?
Да нема злоупотреба на службена должност за лични интереси, и истата да се оптимизира за колективни интереси!
Да има еднаквост, правда и владеење на правото без разлика на нашите општествено креирани разлики!
Етничките димензии на нашиот идентитет да не ја детерминираат нашата компетентност!
Да преферираме квалитет, наместо квантитет! И да креираме кохезија, наместо поделби!
Зошто ја избрав и се кандидирам преку Левица?
Поради калибарот што го поседува претседателот и раководството на Левица, поради нивниот етос, поради нивниот морален компас, поради нивната храброст и борбеност. Ретки се таквите во Македонија! Секоја птица под свое гнездо. Порано или подоцна луѓето од ист калибар се соединуваат, променуваат и победуваат!
Мојата порака до народот
Ако ние самите не си помагаме и не се цениме, некој друг од страна нема да дојде да ни го направи тоа.
Време е за правда! Време е за промени! Време е за подобри времиња!