Теодор Трпевски – носител на советничка листа на Општина Кисела Вода

[tdc_zone type=”tdc_content”][vc_row][vc_column][td_block_text_with_title]

Теодор Трпевски

носител на советничка листа во Општина Кисела Вода

[/td_block_text_with_title][/vc_column][/vc_row][vc_row][vc_column width=”5″][vc_single_image media_size_image_height=”150″ media_size_image_width=”150″ image=”14792″ height=”445″][/vc_column][vc_column width=”7″][vc_column_text]

Накратко би се опишал како посветен сопруг и родител, вреден и чесен работник, спортист во душа, кој тежнее да придонесе за подобар живот во општеството.

Кратка биографија (образование, професија и работно искуство)

Роден сум 1988 година во Скопје. Моето образование започнува во ОУ „Климент Охридски” во Драчево, населбата во која што живеам. Поголем дел од слободното време во ова училиште го поминуваме со другарите на кошаркарскиот терен. Денес сé уште го негуваме спортскиот дух. Понатамошното образование го продолжувам во средното училиште во Карпош „Георги Димитров”. Потоа, запишав факултет каде што се стекнав со диплома за јавен администратор, но досега не сум имал прилика да работам по струката. Одма по завршувањето на моите студии се вработив во приватен сектор. Имам богато работно искуство како менаџер за продажба.

[/vc_column_text][/vc_column][/vc_row][vc_row][vc_column][vc_column_text]

Мотивација за вклучување во политика 

Целокупната ситуација која што ѝ се случува на Македонија, каде што се нанесени многубројни  неправди од  страна на актуелните политички моќници, ме натера да се ангажирам во политиката. Мојата лојалност и ангажман, чесност и работливост ќе придонесат за подобрување на нашите граѓански вредности и подобар живот во нашето општество.

Што сакам да постигнам и променам во моето опкружување и општеството?

Како секој совесен граѓанин во оваа држава посакувам општество кое што функционира. Општество каде проблемите кои моментално нѐ опкружуваат, а за жал се во голем број, ќе се сведат на минимум. Би почнал од водење домаќинска политика во општината, ревизија на претходни политики, запирање на шетни одлуки и корупција во советите, информирање на граѓаните за работата на советот, алармирање за потенцијални штетни одлуки, барање за вклучување на експертите и граѓаните во одлучувањето, отварање на советот за народот.

Зошто ја избрав и се кандидирам преку Левица?

Сметам дека Левица е политичка партија која се залага за својот народ и државата Македонија. Би го издвоил настојувањето на оваа партија како единствена политичка опција која се бори против криминалите на олигарсите. Левица е партија со една поинаква структура и поинаква визија. Во Левица е надежта за подобро утре. 

Мојата порака до народот

По долго време, конечно на политичката сцена се појави светла точка – ЛЕВИЦА. Да собереме храброст и заедно да креираме подобра иднина за нас и за идните генерации. Да го дадеме својот глас за ЛЕВИЦА!

[/vc_column_text][/vc_column][/vc_row][/tdc_zone]