Накратко би се опишал како посветен сопруг и родител, вреден и чесен работник, спортист во душа, кој тежнее да придонесе за подобар живот во општеството.
Кратка биографија (образование, професија и работно искуство)
Роден сум 1988 година во Скопје. Моето образование започнува во ОУ „Климент Охридски” во Драчево, населбата во која што живеам. Поголем дел од слободното време во ова училиште го поминуваме со другарите на кошаркарскиот терен. Денес сé уште го негуваме спортскиот дух. Понатамошното образование го продолжувам во средното училиште во Карпош „Георги Димитров”. Потоа, запишав факултет каде што се стекнав со диплома за јавен администратор, но досега не сум имал прилика да работам по струката. Одма по завршувањето на моите студии се вработив во приватен сектор. Имам богато работно искуство како менаџер за продажба.