Тодорче Јованчевски – носител на советничка листа на Општина Тетово

[tdc_zone type=”tdc_content”][vc_row][vc_column][td_block_text_with_title]

Тодорче Јованчевски
носител на советничка листа во Општина Тетово

[/td_block_text_with_title][/vc_column][/vc_row][vc_row][vc_column width=”5″][vc_single_image media_size_image_height=”150″ media_size_image_width=”150″ image=”14924″ height=”425″][/vc_column][vc_column width=”7″][vc_column_text]

Накратко би се опишал како дисциплиниран човек, кој верува во потребата од ред и владеење на правото подеднакво за сите луѓе. Полициски службеник кој најголем дел од работниот век го има поминато во служба на граѓаните на Македонија. Член на политичка партија Левица ЛО Тетово, кој активно работи во Сектор за надворешна политика и безбедност.

Кратка биографија (образование, професија и работно искуство)

Роден сум во 1967 година во Крива Паланка. Најголем дел од животот го поминав во Тетово, каде живеам и денес. Средно образование завршив во Средно училиште за внатрешни работи и општествена самозаштита во Скопје. Работното искуство го стекнав како полициски службеник во СВР Тетово, раководител на смена на Гранична Полиција на ПС Попова Шапка и инспектор во приемно одделение во ПС од ОН Тетово. Службата за граѓаните на Македонија ја сметам за чест и должност, како и аманет за борба за зачувување на татковината.

[/vc_column_text][/vc_column][/vc_row][vc_row][vc_column][vc_column_text]

Мотивација за вклучување во политика

Во политиката се вклучив преку зачленувањето во политичка партија Левица во 2019 година. Активно се вклучив бидејќи бев разочаран од високата стапка на корупција, сиромаштијата, неказнивоста на криминалот, големата етничка и класна поделба на луѓето во Македонија. Сфатв дека индивидуално можам да постигнам многу помалку во борба кон погрешните вредности, отколку заедно со други луѓе со кои делиме слични вредности, размислувања и принципи.

Што сакам да постигнам и променам во моето опкружување и општеството?

Живеејќи во град како Тетово кој е мешовит од аспект на различни етникуми, култури и социјалн класи, сметам дека е клучно да работиме на искоренување на сите поделби како етничка, класна, верска и било каква друга припадност. Потребно е да се работи на враќање на работничките права, да се врати достоинството на народот и да почнеме пак да функционираме сплотено и заеднички како нација. Би сакал да влијаам на искоренување на корупцијата и спречување на урбаната мафија која го уништи Тетово до непрепознатливост. Тетово, беше синоним за чиста вода и чист воздух, а сега е сосема обратно, сé само не чист. Градот под Шара нема вода, а воздухот е канцероген, како резултат на истата таа урбана мафија и олигархијата.

Зошто ја избрав и се кандидирам преку Левица?

Ја избрав и се кандидирам преку Левица бидејќи сметам дека е единствена партија која се бори за социјална правда и за правата на работниците. Бидејќи е на страната на народот, кој е напатен и ограбен народ, на сиромавиот и екплоатиран работник. Бидејќи се како сите нас и потекнуваат од обичните луѓе. Бидејќи не потекнуваат од олигарски семејства, туку се деца на стечајни работници. Бидејќи ја познаваат маката на народот и нивните секојдневни проблеми. Само некој што поминал низ маките на обичниот човек, знае што значи и колку е важна потребата тие да бидат решени.

Мојата порака до народот

Мојата порака до народот е да престанеме со сите поделби. Нѐ делат за да нѐ владеат. Но заедно сме посилни! Борбата за подобро утре е започната и трае. Не ја започнавме ние, ја почнаа нашите предци, од илинденците, до партизаните, а ние само се приклучивме кон истата. Промените не се случуваат сами од себе. Некој треба да ги покрене тие промени. Затоа биди дел од промените! Да ја продолжиме борбата, а идните генерации да ја наследат! Секоја генерација има своја битка, но оваа сега е заедничка за сите нас.

[/vc_column_text][/vc_column][/vc_row][/tdc_zone]