а) Надзорна комисија – надлежна за следење, анализа и ревизија на материјално-финансиското работење на Партијата. Актуелен претседател на НК е Методија Костоски (nadzorna.komisija@levica.mk).
б) Дисциплинска комисија – надлежна за утврдување одговорност и вина на партиските членови и изрекување санкции. Актуелен претседател на ДК е Бојан Бојоски (disciplinska.komisija@levica.mk).
в) Статутарна комисија – надлежна за изготвување измени или дополнувања на текстот на Статутот. Актуелен претседател на СК е Наташа Стефановска (statutarna.komisija@levica.mk).
Членовите на Трибунатот се избираат од страна на Президиумот со мандат од четири години и тие, во исто време, не можат да бидат и членови на Президиумот.
Членовите на комисиите си избираат претседател од своите редови, кој го потврдува, т.е. верификува Президиумот.