Цвета Џеладин – носителка на советничка листа во Општина Шуто Оризари

[tdc_zone type=”tdc_content”][vc_row][vc_column][td_block_text_with_title]

Цвета Џеладини
носителка на советничка листа во Општина Шуто Оризари

[/td_block_text_with_title][/vc_column][/vc_row][vc_row][vc_column width=”5″][vc_single_image media_size_image_height=”150″ media_size_image_width=”150″ image=”15116″ height=”425″][/vc_column][vc_column width=”7″][vc_column_text]

Накртако би се опишала како посветена, борбена и упорна. Дипломиран одделенски наставник – професорка со 15 години искуство во настава со ученици во основно образование.

Ќе се залагам за подобра иднина на децата во Шуто Оризари! За подобро општество! За подобро образование!

Кратка биографија (образование, професија и работно искуство)

Дипломирав на Педагошкиот факултет во 2005 година, насока одделенска настава и поседувам 15 години работно искуство во настава со ученици во основно образование. Работата со децата ми помага да сфатам колку е важно да имаме општество и институции кои ќе умеат да го развијат потенцијалот кај децата и младите, за да можеме да се надеваме на долготраен развој на државата, преку луѓето кои живеат во неа. Секојдневно вложувам максимум во едуцирање на идните генерации, за да знам дека лично придонесувам кон она во кое што верувам и за кое се залагам.

 

[/vc_column_text][/vc_column][/vc_row][vc_row][vc_column][vc_column_text]

Мотивација за вклучување во политика

Мојата мотивација за вклучување во политиката е тоа што сé уште имаме голем степен на директна и индиректна дискриминација во нашето општество, преку образованието и политиката. Сакам да сум role model – урнек, кој ќе служи како позитивен пример од кого другите би се мотивирале да се вклучат во борбата за личен и општествен развој кој почнува секогаш со образование во рамки на даденото опкружување. Сакам да ги подобрам условите за образование и да креираме кохезивна и неапатична младина.

Што сакам да постигнам и променам во моето опкружување и општеството?

Со моето 15 годишно искуство во наставата, сакам да ги мотивирам младите генерации да се запишат и дипломираат на факултет, со фокус на Педагошкиот факултет, бидејќи имаме дефицит на наставни кадри од Ромската заедница. Секако, сакам и да ги подобрам условите, да ги слушнам проблемите и потребите на ромската заедница и другите заедници во Шуто Оризари, и да делувам во насока на подобрување на ситуацијата на нашиот народ.

Зошто ја избрав и се кандидирам преку Левица?

Левица ја избрав бидејќи во своите редови имаат одлични професионалци, кои немаат лошо политичко минато зад себе. Сметам дека е време за нови луѓе да се зафатат со решавање на проблемите, затоа што досегашните покажаа дека не умеат, не сакаат и дека фокусот не им се општествениот напредок и квалитетот на животот на луќето, туку исклучиво личниот интерес.

Мојата порака до народот

Мојата порака до ромскиот и сиот останат народ е дека конечно доаѓа време на промени, промени кои ќе остават длабоки и позитивни импликации, кои би го подобриле животот и условите во кои живее и функционира ромската заедница и општеството во целина.

[/vc_column_text][/vc_column][/vc_row][/tdc_zone]