(Видео) Хактан: ДПМНЕ со лаги против Левица манипулира со јавноста

haktan1

Реџеп Исмаил – Хактан, член на Президиумот на Левица, во гостувањето на Инфомакс во „Тешки муабети“.

Во текот на разговорот, Исмаил беше запрашан за коментар по однос на лажните обвинување дека Левица им правеле кворум на владиното мнозинство на СДСМ во Собранието на Република Македонија и како ќе се бори Левица со ваквите лажни вести кои ги спонзорира / нарачува / измислува политичкиот фактор којшто би требало да ни биде сојузник во опозиција.

„Свесни сме дека беше изнесено од порталот „Лидер“ којшто е мегафон на ВМРО-ДПМНЕ. Потоа, во истиот ден, само после три часа од ова, тој се огради од ова како негова законска одговорност, тој (Љупчо Златев) кажа дека не е точно претходно изнесеното и потврди дека било соопштение на ВМРО-ДПМНЕ, практично призна дека тоа е лажна вест која е манипулативно пуштена. Но, проблемот за нас е што веста дотогаш веќе помина и се прошири, но не и извинувањето дека е лажна вест и тие така манипулираат, пред сѐ со членството на ВМРО-ДПМНЕ.“

ПОЛИТИЧКА ПАРТИЈА ЛЕВИЦА
18.02.2023

Loading

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ