Отворена канцеларија на Левица во општина Македонски Брод

левица македонски брод

Loading

Тагови:

Донирај онлајн

Поради незапирливото ширење на масовната поддршка меѓу народот за Левица, низ цела Република Македонија се зголемува членството и се окрупнува структурата. Поради овие прилики, и во Општина Македонски Брод партијата ја отвори својата прва канцеларија.

Сѐ повеќе, народот ја препознава правилната кауза која се бори за класно и национално ослободување, отелотворена низ политичкото дејствување на Левица, во време кога општеството се соочува со политичка криза од историски пропорции.

На отворањето присуствуваа претседателот на Левица, Димитар Апасиев, пратеникот Борислав Крмов, како и членовите на Президиумот Јован Крајевски и Гораст Муратовски и во друштво на активни членови, симпатизери и гости ја отворија канцеларијата.

Покрај свеченостите, претседателот Апасиев се осврна на престојните предизвици и непосредниот влез на двоцифрен број пратеници од Левица во Собранието, и што тој зголемен капацитет ќе значи за одбраната на националните и класните интереси на македонскиот народ.

Пратеникот Крмов се осврна на изборната единица, состојбата на населението во општината и што ќе значи растот на партијата за успешна артикулација на потребите на тамошното население, како и од сите други населени места во кои Левица активно дејствува.

Тргнувајќи од овде, Локалниот огранок на Левица во Македонски Брод го повикува народот да се охрабри и да пристапи без страв кон новата иднина.

ПОЛИТИЧКА ПАРТИЈА ЛЕВИЦА – МАКЕДОНСКИ БРОД

31.05.2023

Loading

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ