Во време кога се поголемиот дел од жителите се соочуваат со социо-економска криза предизвикана и од нелогичните и крајно штетните мерки на Владата, градоначалникот Костадинов продолжува со нерационалното трошење.
Тој на 5 април годинава потпишал договор за јавна набавка со Друштвото за туризам и угостителство Атлантис ДООЕЛ за „Посредување за обезбедување на угостителски услуги (ресторантски и кетеринг) и хотелско сместување на гости за потребите на општина Струмица“. Овој договор ќе ги чини Струмичани 13.008 евра односно 800.000 денари.
Овој договор е само еден во низата кој го потпиша Костадинов изминатиот период. Претходно, за огласување во печатени медиуми потпиша два договори во вкупна вредност од 400.000 денари. За мобилни услуги со А1 Македонија потпиша договор во висина од 3.500.000 денари, а исто така за износ од 38.000 денари набави и ловечка пушка.
ПОЛИТИЧКА ПАРТИЈА ЛЕВИЦА – ЛО СТРУМИЦА
14 јуни, 2022