Нови 7.000 евра државна помош за кумот на Kовачевски

Goran Paunov

Во ек на кризи, кои периодов значително го осиромашија македонскиот народ, компанијата за производство на фотоволтаични модули „Пиксел Гроуп“, во сопственост на кумот на премиерот Ковачевски – Горан Паунов, изминатиов период добила државни пари во износ од 521.413 евра.

Контроверзната „Пиксел Гроуп“, во која Ковачевски беше косопственик, продолжува да ја празни државната каса. Имено, и покрај бројните реакции на јавноста, пред една недела ѝ се префрлени уште 7.812 евра од сметката на Фондот за иновации на оваа компанија!

По пат на договори за финансиска поддршка од Владата, „Пиксел Гроуп“ од 30.12.2019 до 30.12.2021 година, добила државна помош во вредност од 27.262.082 денари.

Преку проекти од Фондот за иновации и технолошки развој пак, оваа компанија добила 4.804.848 денари во период од 2020 до 2022 година.

Антикорупционерите ги премолчија и продолжуваат да молчат за сите афери на власта!

Јасно е дека најголем генератор на коруција и сиромаштија е врхушката на оваа власт, која по примерот на бизнисите на фамилијата Заеви, продолжува да го цеди буџетот – овој пат преку фамилијата Ковачевски.

ПОЛИТИЧКА ПАРТИЈА ЛЕВИЦА

Loading

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ