СДС го распродава плодното земјоделско земјиште – за странци станува градежно земјиште

Левица Џиш _ Levica Dzhish

Тагови:

Донирај онлајн

Последните неколку месеци јавноста е сведок на бројни огласи за купување на земјоделско земјиште од странски компании, најчесто од Бугарија и Косово, за изградба на фотоволтаици. Најпрво интерес на вакви компании беше плодната почва во Свети Николе, па во Штип и околината, а последно и во најпознатиот лозарски крај во државата, тиквешкиот регион.

Во моментов, странскиот капитал преку нивните корпорации цели кон најплодните земјоделски земјишта во државата за градење на фотоволтаици, а со тоа директно го загрозува производството на храна, идните аграрни реформи, како и опстанокот на земјоделците кои со својот труд си обезбедуваат средства за егзистенција.

Левица изразува сомнеж дека ненародната и военопрофитерска влада на СДС, македонското земјоделско земјиште го има ветено на странски фирми поради бизнис интересите на владините политичари.

Годините на насоченото уништување на македонското земјоделство и ниските откупни цени, наменски води кон распродажба на плодното земјиште. Левица бара од надлежните институции да забранат пренамена на земјоделско земјиште во градежно земјиште.

ПОЛИТИЧКА ПАРТИЈА ЛЕВИЦА

18.12.2022

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ