Советот одби повисоки примања за времено ангажираните лица во ЈКП комуналец

259520653_421470019634672_6452817782651521410_n

На вчерашната Седница на Советот на Општина Свети Николе на дневен ред беше програмата за „Јавни работи во 2022 година“.

Во рамките на оваа програма се предвидува времено ангажирање (од 5 месеци) на 12 лица невработени (неквалификувани и полуквалификувани) лица, во рамките на ЈКП Комуналец.

Ставот на Левица за оваа програма беше дека треба да биде поддржана зарад тоа што со овој „работен ангажман“ се опфатени луѓе со ниски примања и ранливи категории.

Имено, проблемот кој беше воочен во оваа програма беше висината на надоместокот која за својот труд ќе ја добијат ангажираните лица. Во програмата за Јавни работи предвидениот надоместок е во висина од 16.000 денари.

Советникот од Левица поднесе амандман за измена во оваа програма со кој бараше износот на овој надоместок да биде во висина еднаква на минималната плата. Овој предлог не беше прифатен од Советот!

ПОЛИТИЧКА ПАРТИЈА ЛЕВИЦА – Свти Николе
6 мај, 2022

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ