(Видео) Симонов: За Македонија преговорите со ЕУ се затворен лавиринт во кружна форма

simonov

Ставот на Левица е прекин на преговорите со Бугарија! Уште тогаш бевме против тој договор за кој предупредувавме дека е штетен. И сега ако истиот стане дел од преговарачката рамка, преговорите за Македонија кои досега беа лавиринт, ќе станат затворен лавиринт во некоја кружна форма!

Ова го говорам од две причини и во двете причини Франција ја има клучната улога.

1. Доколку овој договор кој нема јасни определби и е полн фоскули го внесеме во преговарачката рамка ќе овозможиме на бугарската страна слободно да го толкуваат истиот одново и одново, со што се овозможува Бугарија да поставува нови барања што ни го создаваат лавиринтот.

2. Во кружна форма лавиринтот го прави француската методологија која беше донесена претходно. До сега можевме да добиваме неограничен број пати на вето по 37 поглавја. Тогаш, ако го затвориме едното поглавје ние не можеме повторно да добиеме вето за истото.

Со новата методологија ќе го затвориме поглавјето, ќе помине време, ‘ај повторно ќе го отвориме поглавјето – не сме задоволни од нешто’ и повторно по истото поглавје Бугарите ќе можат неограничен број на пати да го искористат правото на вето.

– Дел од излагањето на Александар Симонов, Координатор на Левица – Сектор надворешна политика, по однос на преговарачката рамка која ЕУ ја нуди на Македонија.

 

Loading

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ