Владата и Министерот Алити го напаѓаат секуларизмот

313177200_695709045245496_8539406495831602676_n

Министерот за информатичко општество и администрација Адмирим Алити од Алтернатива, во својството на државната функција на која се наоѓа, учествува и ги промовира настаните, кои во контекстот на неговата функција, ја подјармуваат секуларноста и одвојувањето на државата и религијата.

Оваа ретроградна Влада, со сите свои уназадувачки челници, е против идејата за напредок на современото општество – и цивилизациски пробува да ја врати Република Македонија во минатото.

Авторитарниот режим, кој својот легитимитет го полага во цели, пробува да го врати на голема врата религискиот легитимитет и да ги возобнови моќите на клерикалната класа – за заедно со политичарите да манипулираат со народот и да ја максимизираат својата експлоатација и моќ.

Политиките на пробугарската и антимакедонска Влада, се складни на времето во кое пробуваат да нè вратат – кога општеството и државата биле под прангите на туѓите дворови, домашните предавници и привилегираните поседнички и клерикални класи.

Антисекуларизмот не смее да помине!

ПОЛИТИЧКА ПАРТИЈА ЛЕВИЦА
05.11.2022

Loading

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ