Накратко би се опишал како човек кој никогаш не мирува. Постојано сум активен, ангажиран, живо заинтересиран за сè што се случува во опкружувањето и во општеството.
Кратка биографија (образование, професија и работно искуство)
Роден сум во 1969 година, пораснав и живеам во Облешево. Оженет, реализиран како родител. Средното образование го завршив во Струмица, а потоа дипломирав на Педагошкиот факултет во Штип. Животните околности и моите бројни интереси ме имаат водено низ различни животни води. Големата љубов кон музиката и стекнатото музичко образование (имам завршено нижо музичко училиште) придонесоа 15 години да работам како музичар, бас-гитарист во музичката група „Акорди“ со која имаме настапувано и на неколку фестивали. Потоа, откако се стекнав со соодветна виша инструкторска спрема за возачи, почнав да работам како инструктор, работа со која и денес се занимавам во автошколата „Фокус“ Кочани. Активно спортував и играв фудбал долги години, а потоа волонтерски ги тренирав фудбалерите на ФК „Облешево“ од Облешево. Имам оформено и екипа за футсал чиј тренер сум, а којашто се натпреваруваше во Втора лига на Македонија.