Откако останав самохрана мајка, работев како помошник во кујна и чистачка во апартмани, во агенција за чистење куќи и станови.
Четири години работев како учителка – волонтер во целодневен престој и тоа 2 години во ОУ „Живко Чинго” во с. Велгошти и 2 години во ОУ „Христо Узунов” во Охрид. Моментално сум невработена, како и многу други самохрани мајки, заборавени од системот и институциите.
Моја голема љубов е уметноста, а се занимавам и со пишување поезија.
Мотивација за вклучување во политика
После тридецениското владеење на олигархиските партии денес сме соочени со распродавање на националните интереси, уништено здравство и образование, уништена економија. Сакам овој народ, да си го врати достоинството. Сфатив дека, ако сакаме да се бориме за враќање на нашето достоинство, потребна ни е организирана борба, што ми беше и основен мотив да се вклучам во политиката и со целиот мој капацитет и искуство, да допринесам во таа борба.
Што сакам да постигнам и променам во моето опкружување и општеството?
Пред сѐ, сакам преку нови луѓе и поинакво – одговорно работење, да се врати дигнитетот на Советот на општина Охрид. Охриѓани заслужуваат чесни, искрени, некорумпирани и неподмитливи советници, кои ќе работат исклучиво за интересите на општината и на граѓаните, а не за интересите на олигарсите и профитерите, како и за своите лични интереси.
Сакам да го видам повторно сјајот на Охрид, преку решавање и средување на урбаниот хаос, загадувањето на езерото, дивоградбите, ѓубрето кое го имаме на секој ќош… проблеми кои се директна последица на владеењето на корумпирани градоначалници, советници, како и градежни инспекциски служби.
Охриѓани заслужуваат здрава и чиста животна средина. Охрид го заслужува епитетот град на УНЕСКО и должни сме да го сочуваме ние самите, народот.
Зошто ја избрав и се кандидирам преку Левица?
По тридецениското пустошење на државата и осиромашување на народот, Левица се појави како единствена партија која нуди промени во општеството. Левица стана симбол на борба за работнички и социјални права. Левица е непокор и пркос. Единствена партија чии принципи и идеологија се темелат врз темелите на Асномска Македонија.
Со Левица мојата стихијна и самостојна борба за социјална правда стана организирана, здружена и посилна.
Левица е искра која блесна во мракот, партија која потекнува од народот и од обичниот човек, единствената и последна надеж да го сочуваме националното и човечкото достоинство.
Со своето делување во Законодавниот дом (Парламентот) нашите пратеници покажаа дека се подготвени да застанат на патот на погрешните и штетни политки и дека храбро и чесно се борат за Македонија. Сметам дека е време таквата борба да почне и во општините, преку советите – местото каде се носат сите одлуки кои го засегаат секојдневниот живот на секој граѓанин на земјава.
Мојата порака до народот
Почитувани охриѓани, промените не се случуваат сами од себе. За промени во општеството мораме сами да се избориме. Да бидеш дел од борбата е едновремено и должност, чест и гордост. Нема ништо убаво во наведната глава. Човек кој се откажал од вербата во поубав живот, предвеме се осудил себеси на смрт. Сите заедно да кажеме дека ни е ДОСТА лажни ветувања и да ставиме крај и ги запреме системските уништувачи на нашиот живот. Првиот чекор во таа насока е глас за нови луѓе, глас за единствената опција – Левица.