Влатко Трајков – носител на советничка листа на Општина Росоман

[tdc_zone type=”tdc_content”][vc_row][vc_column][td_block_text_with_title]

Влатко Трајков
носител на советничка листа во Општина Росоман

[/td_block_text_with_title][/vc_column][/vc_row][vc_row][vc_column width=”5″][vc_single_image media_size_image_height=”150″ media_size_image_width=”150″ image=”14922″ height=”425″][/vc_column][vc_column width=”7″][vc_column_text]

Накратко би се опишал како земјоделец кој од детство до денес, животот го минува занимавајќи се со земјоделие. Работата во земјоделие го обликува карактерот на еден човек во вреден, посветен и истраен. Првата вистинска потреба да се ангажирам за промена во општеството ја почувствував при формирањето на политичката партија Левица, која е единствена што дава шанса на обичиот човек без никакви врски, да се вклучи во борбата за промени и достоинствен живот. Преку Левица станав советник во Општина Росоман во 2017та година и оттогаш трае мојата континуирана заложба за подобрување на условите за живот во општината и државата.

Кратка биографија (образование, професија и работно искуство)

Роден сум во 1980 година во Кавадарци. Средно училиште завршувам во „Киро Спанџов Брко“ во Кавадарци, како електро-механичар. Од детство до денес, животот го минувам занимавајќи се со земјоделие. Сметам дека таа дејност е важна за држвата во целина и дека треба повеќе да се размислува во насока на развој на земјоделиоте во Македонија. Работата во земјоделие го обликува карактерот на еден човек во вреден, посветен и истраен.

[/vc_column_text][/vc_column][/vc_row][vc_row][vc_column][vc_column_text]

На локалните избори во 2017 година станав дел од Советот на Општина Росоман како единствен советник од Листата на Левица. Последните 4 години несебично се залагам за подобра иднина на Општина Росоман, што моите сограѓани несомнено го воочуваат. Сметам дека таа борба треба да продолжи уште пожестоко и со повеќе сили во советот. Советот е местото каде се носат сите одлуки за животот во општината и токму со учество во него, можат да се запрат штетните и да се предлагаат корисни политики.

Мотивација за вклучување во политика

Промената која ја иницираше Левица во политичката атмосфера во Македонија беше мојата единствена мотивација за вклучување во политиката! Сфатив дека ако ние, народот, сами не се вклучиме во борбата, нема никој да ни помогне. Тоа е единствениот начин да создадеме трајни промени кои ќе го земат предвид обичниот човек, а нема да бидат исклучиво во ползна на олигарсите и корумпираните политичари кои 30 години ја крадат државата и народот.

Што сакам да постигнам и променам во моето опкружување и општеството?

Во овој мандат ќе се борам да има еднаква распределба на буџетот во сите месни заедници, за подобра животна средина, борба против урбаната мафија и транспарентна ревизија на работата на досегашните функционери. Доколку добиеме повеќе советници од Левица во советот, ќе имаме поголеми шанси, не само за блокирање на штетни политики, туки и за предлагање и усвојување на политики од програмата на Левица, кои се единствените кои го стваат човекот и неговите потреби во фокусот на функционирањето на иснтитуциите и општината во целост.

Познавајќи ги состојбите однатре, мора да нагласам дека промени ќе бидат можни само преку повеќе нови луѓе, со нови идеи кои во својата основа имаат левичарска идеологија за еднаквост, солидарност и соработка, како тие на Левица.

Зошто ја избрав и се кандидирам преку Левица?

Левица е единствената реална шанса да слушне гласот на народот! Тоа најдобро го почувствував во својот прв мандат, кога политичката елита во постоечкиот состав не знаеше како да постапува со иницијативите на обичниот граѓанин!

Мојата порака до народот

Промената е можна, а народот е единствениот кој може истовремено и да ја иницира и реализира! Да гласаме мудро и да овозможиме долгорочни промени за подобар живот за сите!

[/vc_column_text][/vc_column][/vc_row][/tdc_zone]