[tdc_zone type=”tdc_content”][vc_row][vc_column][td_block_text_with_title]
Жаклина Филипова-Свеќаровска
носителка на советничка листа во Општина Кочани
[/td_block_text_with_title][/vc_column][/vc_row][vc_row][vc_column width=”5″][vc_single_image media_size_image_height=”150″ media_size_image_width=”150″ image=”14866″ height=”425″][/vc_column][vc_column width=”7″][vc_column_text]
Накратко би се опишала како борец. Не верувам во пасивен отпор, ниту во „трпение-спасение“. Доволно е да верувам во нешто за да дадам сè од себе за истото да го реализирам. Решителна сум, проактивна и храбра. Луѓето се на врвот од природната пирамида, над нив е само небото, затоа верувам дека единствено небото треба да е граница за заложбите да се биде човек колку може повеќе, подобро, поцелосно. Професор по македонски јазик и литература.
Главна заложба ми е социјална правда и унапредување на квалитетот на живеење со цел младите да престанат да бегаат од родниот крај. Проактивна сум по природа, не можам и не сакам да бидам нем набљудувач на работите од кои ни зависи секојдневното живеење. Особено ме иритира матрицата според која (не) функционира општеството.
[/vc_column_text][/vc_column][/vc_row][vc_row][vc_column][vc_column_text]
Кратка биографија (образование, професија и работно искуство)
Родена сум 1973 година. Дипломирав на катедрата за Книжевност и македонски јазик на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ при УКИМ во 1996, а од 2003 работам како професор по македонски јазик и литература. Сопруга, мајка на два сина, автор на неколку збирки поезија, добитник на Златна плакета 2010 на Караманови средби.
Мојата љубов кон литературата почна уште пред да појдам во училиште. Читав сликовници на четири години, а на шест, кога една година порано од врсниците тргнав во училиште, уште првиот училишен ден станав член на библиотеката за да можам да читам и книги. И денес сум страствен читател.
Како ученичка во основно и средно училиште почнав да пишувам поезија и секојпат бев наградувана на литературните конкурси. Оттука, логичен избор беше да го продолжам образованието на Катедрата за книжевност и македонски јазик на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ – УКИМ. Дипломирав во април 1996 година, а неколку месеца подоцна се реализирав како родител, го донесов на свет синот Филип. 15 години подоцна на семејството му се придружи и Климент, вториот син.
До 2003 година работев најразлични работи, а во 2003 година се вработив како професор во средното техничко училиште во Кочани каде што работам и денес. Пишувам социјално ангажирана поезија. Мојата прва збирка поезија беше отпечатена во рамки на наградата „Ацо Караманов“, која ја добив во 2010 година.
Мотивација за вклучување во политика
Будно ги следам случувањата во општеството. Сметам дека обврска на секој човек е да има политички став и истиот да го застапува, особено во општество какво што е ова во кое живееме, во кое сè е наопаку, накриво и прекутрупа.
Ниту сакам да живеам во такво општество, ниту сметам дека е чесно такво општество да им оставиме на генерациите што доаѓаат. А за истото да се промени, нужно е да се дејствува.
Што сакам да постигнам и променам во моето опкружување и општеството?
Најмногу ми пречи, сликовито кажано, тоа што општеството е толку изопачено, па ги гори оригиналите, а врамува фалсификати. Како пајакова мрежа се преплетени нишките на лични интереси, честопати запечатени со разни кумства и сватовства. Способните бидуваат прогласени за неподобни, а слободоумните за непожелни. Меѓутоа, лажните величини не можат да создадат вистински вредности. Затоа сведочиме обезвреднување на секој сегмент од живеењето и за жал, на самиот живот. Тоа е она што сакам да го променам – квалитетот и достоинството на живеењето. Вљубеник сум во луѓето, верувам во Човекот. Уверена сум дека секој од нас заслужува и може да живее подобар, поквалитетен и подостоен живот.
Зошто ја избрав и се кандидирам преку Левица?
Левица е мој избор од моментот кога се формираше, затоа што ја делам левичарската идеологија која во фокус го има човекот и неговото човечко достоинство. Личната голгота што ја преживував во текот на 2015 и 2016 кога се борев и изборив за живот, дополнително ме мотивираше да ги вложам сите напори, за да живееме во општество устроено со срце, црвено, левичарско, хумано. Тогаш на сопствена кожа почувствував колку е нефункционален и нехуман системот и решив целото свое време и сите напори да ги вложам истото да се промени. Така се најдов во Левица, затоа што таму го препознав истиот порив и голем жар.
Мојата порака до народот
Да не се плашите, животот треба да го живееме достоинствено и достојно на човек и да се бориме за таков живот. Тоа им го должиме на младите, на иднината. Таа ним им припаѓа. Кога неправдата станува закон, борбата е обврска. Да се избориме за град од кој младите веќе нема да си одат.
[/vc_column_text][/vc_column][/vc_row][/tdc_zone]