Мотивација за вклучување во политика
Обидувајќи се да бидам директен, слободно ќе кажам дека основниот мотив потекнува од незадоволство од тековните општествено политички околности. Исто така, не сакам ни да помислам што сѐ може да се случи ако не превземеме активности за спречување на штетните политики кои сите ги сведочиме секојдневно и се плашам, дека пасивноста на народот би резултирала во уште полоша состојба. Затоа, сметам дека нема веќе време за апатија. Дојдено е времето за акција.
Што сакам да постигнам и променам во моето опкружување и општеството?
На општествено ниво, сакам да покажеме дека оваа навидум безизлезна ситуација во која се наоѓаме благодарение на минатата и сегашната владеачка гарнитура, не е непроменлива. Оној кој изучувал развој на општества од неразвиени до развиени економии, знае дека формулата за развој е позната и точно утврдена – квалитетни здравствени, образовни, социјални политики и владеење на право, обезбедуваат силна основа за развој на човечкиот капитал, што пак води до развој на економијата и општеството во целост. Доцниме и веќе мора да тргнеме по правиот пат, за да дојдеме до подобрување на состојбата во која се наоѓаме.
На локално ниво сакам да обезбедам просперитет на Велес. Велес како град се повеќе и повеќе пропаѓа. Не се отвараат нови работни места, многу луѓе се одлучуваат и да го напуштат. Од некогашен развиен индустриски центар, сега е сведен едвај на еден занаетчиски центар.
Велес и неговите граѓани, заслужуваат повеќе. Потребно е уредување на просторот за хумано и здраво живеење – активности за развој на потенцијалот на децата и младите, енергетска одржливост, чистење на почвата, водите и воздухот од енормното загадување, решавање на проблемот со паркинг простор, санација на инфраструктурата, унапредување на земјоделскиот сектор… Сакам град во кој ќе сакаме да живееме и ние и нашите деца. Град од кој младите нема да бегаат, туку ќе останат за и самите да го развиваат и во иднина.
Зошто ја избрав и се кандидирам преку Левица?
Погледите со луѓето во Левица ни се совпаѓаат значително. Левица, преку своето делување и идеологијата, ги исполнува моите определувања за праведност, рамноправност, за унапредување на изгубените права на работничката класа и земјоделското население, за спречување на деградацијата на ителекуалната елита. Левица е долгоочекувана и клучна појава во нашето општество, која има потенцијал да го запре и промени трагичниот тек на настани кои ни се случуваат во последните 15-20 години. Единствени се кои покажаа дека умеат да се борат и да истраат под притисок, како и дека се непоткупливи. Тоа се вредности кои ги ценам и за кои се залагам и самиот. Заедни сме посилни!
Мојата порака до народот
Мораме да бидеме мудри и брзи, но и истрајни и трпеливи во борбата. Се случува, во желбата за подобар живот, при првиот неуспех, многумина да се откажат и да престанат да веруваат дека е можно нешто да се промени. Откажувањето е клуч за константен неуспех. Затоа, вербата е клучна – не смееме да ја изгубиме ниту кога победуваме, а осбено не, кога доживуваме повремени порази. Нашето време допрва доаѓа! Заедно, ќе го отфрлиме овој триполарен систем на неколкуте македонски и албански и партии, кои во содејство со јаничарски партии (автобус партии), го држат народот во заблуда. Времето на народот доаѓа – да го забрзаме процесот во наше активно делување во таа насока. Да ги запреме внатрешните непријатели на државата. Да живее Македонија, праведна, вечна и просперитетна!