Звонко Николов – носител на советничка листа во Општина Карбинци

[tdc_zone type=”tdc_content”][vc_row][vc_column][td_block_text_with_title]

Звонко Николов
носител на советничка листа во Општина Карбинци

[/td_block_text_with_title][/vc_column][/vc_row][vc_row][vc_column width=”5″][vc_single_image media_size_image_height=”150″ media_size_image_width=”150″ image=”14853″ height=”425″][/vc_column][vc_column width=”7″][vc_column_text]

Накратко би се опишал како ентузијаст во работата и во приватниот живот, среќно оженет и горд татко на две деца. Дипломиран геодетски инженер со над 33 години работно искуство во струката, екологист и борец за почиста животна средина, како и активист за решавање на заедничките проблеми со кои се соочуваме секојдневно.

Кратка биографија (образование, професија и работно искуство)

Роден сум во 1965 година во Штип, со место на живеење во село Долни Балван, општина Карбинци. Дипломиран геодетски инжинер со 33 годишно работно искуство во истата професија. Вработен сум во „ЈП Стипион 2011“. Во текот на долгогодишното работно искуство сум учествувал како соработник во изработка на детални урбанистички планови, како и во изработка на мноу проекти за патишта, улици, водоводни и канализациони системи, нивна изведба и реализација. Член и еден од иницијаторите и основачи на еколошкото друштво „ЕКО – Хабитат 21“.

[/vc_column_text][/vc_column][/vc_row][vc_row][vc_column][vc_column_text]

Мотивација за вклучување во политика

Мотивација за вклучување во политиката ми е релизација на сите идеи и заложби за подобро живеење во општината и во Македонија, коивоочив дека нема да бидат можни без активно учество на обичниот народ во политиката. Сметам дека доколку сакаме промени за подобар живот, мора и самите да се вклучиме во борбата за остварување на таа наша заедничка потреба.

Што сакам да постигнам и променам во моето опкружување и општеството?

Најпрво би сакал да влијаам на промена на свеста на жителите на мојата општина кои како резултат на досегашните кадровски решенија во општината скоро и да се имаат помирено дека подобар живот и промени не се можни. Со мојот избор за член во советот на општинта Карбинци ќе се залагам за решавање на проблемите на локалното население и ќе понудам идеи за нивно решавање: како да дојдеме до чиста вода за пиење, почист воздух, проблеми со водоводна и канализациона мрежа, недоволни зелени површини и паркови, како и места за спорт и рекреација на младите, поставување на сообраќајна сигнализација и лежечки полицајци за поголема безбедност, посебно за најмладите и постарите жители, како и многу други локални проблеми кои не се решени со децении. Исто така ќе се залагам за блокирање на сите иницијативи во општината кои може негативно да се одразат на здравјето и социјалната добробит на населението. Со моето залагање за решавање на тековните проблеми, не само што ќе се придонесе за поквалитетен живот на жителите, туку и ќе се врати довербата во општината, локалната самоуправа и инстиутциите на системот.

Зошто ја избрав и се кандидирам преку Левица?

Левица ја избрав од едноставна причина, затоа што таа е единствената политичка опција која реално се ангажира за подобрување на условите, стандардот и квалитетот на живот на сите граѓани во државата. Како таква, дава можност на квалитетни, искусни кадри од редот на обичните луѓе да се вклучат во партијата, кои со своето знаење, вештини и решителност во работата ќе придонесат за реализација на тие цели.

Мојата порака до народот

Почитувани жители на општина Карбинци, со вашата поддршка за членови од Левица во советот на Општина Карбинци, ќе имаме луѓе кои ќе се борат за реалните проблеми на обичниот човек, кои останаа нерешени со децении наназад. Не е нормално после 30 години самостојност, сѐ уште да ги немаме ни основните услови за нормален живот. Луѓето од Левица ги имаат доживеано сите тие проблеми на свои плеќи и точно знаат што значи да си заборавен од бластите и институциите. Време е институциите и општините да вратат кон нивните вистински сопственици – народот. Да покажеме заедно дека општина Карбинци може да биде многу подобро место за живеење!

[/vc_column_text][/vc_column][/vc_row][/tdc_zone]