Сања Николовска – носителка на советничка листа во Општина Делчево

[tdc_zone type=”tdc_content”][vc_row][vc_column][td_block_text_with_title]

Сања Николовска 
носителка на советничка листа во Општина Делчево

[/td_block_text_with_title][/vc_column][/vc_row][vc_row][vc_column width=”5″][vc_single_image media_size_image_height=”150″ media_size_image_width=”150″ image=”14603″ height=”425″][/vc_column][vc_column width=”7″][vc_column_text]

Накратко би се опишала како компетитивна, посветена и правична личност, која верува дека промените се единствената опција која ни остана и која сме должни да ја искористиме. По занимање сум дипломиран правник, голем љубител на правото како наука, со цел наскоро да станам адвокат.

Кратка биографија (образование, професија и работно искуство)

Родена сум 1991 година во Делчево, каде денес живеам. Образованието го започнав во ОУ “Ванчо Прке” – Делчево. Посебен предмет на интерес ми беа општествените науки и имам учествувано на многубројни натпревари на општинско, регионално и државно ниво. Средно училиште завршив во СОУ “М.М.Брицо” – Делчево, гимназиско образование, општествено- хуманистичка насока А, со одличен успех. Во 2010 година се запишав на Универзитет “Гоце Делчев” во Штип на петгодишни правни студии – правосудна насока. Следниот чекор подразбираше да се стекнам со знаење и искуство за примена на правото во пракса. За таа цел посетував пракса кај нотар, а потоа и во Основен суд во Делчево. Тековно работам и на подготвување на правосуден испит, кој е неопходен предуслов за достигнување на мојата цел – адвокатурата.

[/vc_column_text][/vc_column][/vc_row][vc_row][vc_column][vc_column_text]

Мотивација за вклучување во политика

Во последните години, ветениот прогрес на нашата општина од страна на разни политички субјекти не оди во вистинска насока на ниту едно поле од општествениот живот. Тоа е директен резултат на неефикасното менаџирање со ограничените ресурси и безидејноста на носителите на јавни функции. Сметам дека можеме многу подобро и дека промени се случуваат само тогаш кога народот ќе се охрабри да се вклучи во нивно спроведување. Сакам да бидам дел од народот кој се одважил и решил дека активно ќе се залага за создавање на подобри услови за живот.

Што сакам да постигнам и променам во моето опкружување и општеството?

До предизвикување на позитивни промени можат да доведат само несебичниот пристап, креативност во изнаоѓање решенија на проблемите, одговорност кон работата и граѓаните, цврста решителност да се соочиме со предизвиците и безрезервно и искрено да застанеме зад реалните потреби на жителите на Општина Делчево. Јас како жител на Општина Делчево многу добро ја познавам реалната слика, нефункционирањето на државните органи на штета на животниот стандард на граѓаните и актите кои тие ги генерираат. Со моето знаење како правник можам цврсто да застанам зад одбрана и заштита на интересите на народот во нашата општина и општеството како колектив.

Посветено и неуморно ќе се залагам за департизација на работните места, транспарентност и отчетност на институциите, поголемо вклучување на граѓаните во креирањето на локалните политики, подобра социјална заштита на ранливите категории на граѓани, економски развој на општината, подобрување на патната инфраструктура, развој на туризмот, решавање на проблемот со јавниот транспорт, заштита на животната средина итн. Ова се цели кои се високо позиционирани на мојата листа на приоритети и за кои, како член на Левица, имам обврска да работам, со цел за обезбедување на подобра иднина.

Зошто ја избрав и се кандидирам преку Левица?

Левица е единствената политичка партија на политичката сцена во државата која не покажува индиферентност кон реалните потреби и проблеми на граѓаните и сериозно пристапува кон искоренување на неправедното и дискриминаторско постапување на институциите. Искрено и принципиелно се бори за суштински промени во општеството, става акцент на вистинските вредности и не им дава позитивни епитети на негативните појави. Алчноста не можеме да ја изедначуваме со амбициозност, присвојувањето на нешто туѓо не е снаодливост и ограничувањето и одземањето туѓи права за личен бенефит не може да биде “борба за опстанок”. Ова мора да запре, а Левица е решена да му застане на пат на криминалот кој се случува веќе 30 години. Затоа се мојот прв и единствен избор.

Мојата порака до народот

Драги сограѓани, видовме колку капацитет и волја за работа покажаа останатите политички партии во изминатите 30 години без да поднесат одговорност за нивниот неуспех. Време е да го кренеме гласот против се’ поголемата сиромаштија, против недомаќинското располагање со општинските ресурси, партиските вработувања и кобните “развојни” политики кои го опустошија и испразнија нашиот град и се директни виновници што ретко кој граѓанин на Општина Делчево може да каже дека се чувствува задоволно и исполнето во својот роден крај.

Ајде заедно да ги надгласаме апашите и да им покажеме дека овој народ нема резервен живот за живеење и ќе се бори за овој еден, овде и сега!

На овие избори, да се избориме за можност да почнеме да го градиме нашиот дом според нашите реални потреби.

[/vc_column_text][/vc_column][/vc_row][/tdc_zone]