Скопскиот изборен штаб (СИШ) се формира како постојано работно тело, со главна цел да се артикулираат интересите на Партијата Левица, на локалните ограноци на општините од Град Скопје – а преку зголемување на ефикасноста, ефективноста и оперативноста на Партијата.
Целите и задачите на СИШ се следниве:
- екипирање, поврзување и активирање на членството на ниво на главниот град Скопје;
- прибирање на информации за актуелните состојби и проблеми на ниво на град Скопје;
- изработка на програми за регионален и локален економски развој;
- припрема за Локални избори;
- формирање на локални секторски ограноци и зголемување на активни членови по секторите;
- отпочнување со образување, воспитување, остручување и оспособување на членството и јакнење на работоспособноста;
- профилирање членови кои можат да настапуваат на локалните средства за јавно информирање и др.