Пратеници

Димитар Апасиев

apasiev 2 1170x780 1

Апасиев (1983, Велес) е доктор на правни науки. Дипломирал, магистрирал и докторирал како првенец на повеќе генерации на Правниот факултет „Јустинијан Први“ во Скопје. Тој е долгогодишен активист на Движењето за социјална правда „Ленка“ и член на президиумот на Левица. Има учествувано на преку стотина домашни и меѓународни научни симпозиуми. Автор е на десетина правни книги и монографии, како и на над 50 статии и стручни трудови. Бил правен консултант на неколку правосудни државни органи, синдикати, граѓански здруженија и неформални активистички иницијативи. Во моментов работи како вонреден професор на Правниот факултет при Државниот универзитет „Гоце Делчев“ – Штип, Катедра за граѓанско право. Предава: Римско право, Судскa реторика и Философија на правото. Од 2020 е избран за пратеник во Собранието на Република Македонија.

Борислав Крмов

Борислав Крмов

Борис Крмов (1981, Штип) – историчар на уметност. Има студирано историја на уметност со археологија. Работел од струка како ликовен критичар и теоретичар до градежен работник. Еден од поновите кадри формирани во Левица. Борец за социјална правда. Од 2020 е избран за пратеник во Собранието на Република Македонија.

Приклучи се!

Биди дел од промената и приклучи се на Левица!

Донирај онлајн