Заради перманентна едукација, издаваштво и политичко образование на партискиот подмладок и другите партиски членови, се формира посебен Истражувачко-аналитички центар на Левица – со име Левичарски институт „Рацин“, чијашто организација и работа се регулира со посебен деловник.
1. Центар за политичка едукација
- философија на политиката и политологија
- политичка историја (општа и национална)
- политиколошки семинари (подготовка на силабуси и курикулуми)
- организирање политички школи (летни и зимски кампови)
- курсеви за политички вештини
- популистичка реторика (обуки за делиберативно говорништво)
- политичка дебата и аргументација
- политичка едукација на партискиот подмладок (Црвена младина)
- политичка едукација на јавни функционери (пратеници, советници, директори, одборници, секретари)
- идеолошка индоктринација и профилирање
- теоретски предавања и трибини
- видео проекции (документарни филмови и тематски дискусии)
- едукативни кампањи за зголемување на јавната свест
- кадровска политика (регрутација на кандидати за членство во раководните структури и партиските органи и тела – ВД координатори и модератори)
- соработка со политички фондации
- стипендии, грантови, студиски престои и политолошки специјализации
- истражувања (социолошки и политичко-правни)
2. Центар за публикации
- издавање левичарска литература (тематски едиции)
- периодични публикации (рецензентски комисии)
- превод на капитални и современи социјалистички дела (класици)
- превод на редакциски текстови (на англиски и на други светски јазици)
- редакција Ленка
- редакција Антропол
- дописна мрежа (т.н. граѓанско новинарство)
- унифицирање на официјални Фб-станици (профилна и кавер слика)
- „бочни“ профили, пејџови и веб-сајтови
- мултимедијални обуки, курсеви и работилници (снимање, монтажа, графички и веб дизајн)
- ракување со аудио и видео техника (опрема и кадар)
- креатива и продукција на содржина (видео материјали од јавни настапи)
- рекапитулација на Изборни програми (ветено-остварено)
- брендирање локални канцеларии на ЛО
- рекламни материјали (дизајнирање и печатење)
- предизборни кампањи (спотови, типографски видеа, постери, летоци)
3. Центар за комуникации
- интегриран систем на комуникација и комуникациски стратегии
- енкриптирани канали за безбедна интерна комуникација
- Кол-центар (за телефонско контактирање на членството)
- партиски Информатор (на месечно ниво)
- циркуларни пораки до членството (мејлинг-листи, чат-групи и сл.)
- мобилизација на членството и симпатизерите
- политичка агитација и пропаганда (партиски Aгит-проп)
- политизација на масите
- теренски активности (штандови, делење флаери)
- митинзи и средби со граѓани
4. Аналитички центар
- аналитика
- датабази на податоци (историски и компаративни)
- вкрстени податоци (од пристапници и членови)
- метаподатоци
- анкети
- сондажи и испитување на јавното мислење
- проекции, симулации и алгоритми (графикони, табели и статистики)
- дигитални алатки за брзо внесување и калкулација на изборни резултати (Д’Онтова формула за распределба на мадати)