ТРИБУНАТ

Заради внатрешна контрола во теренското делување на Левица се формира посебно контролно тело наречено Трибунат – составено од три оддела, секој составен од по тројца членови:

а) Статутарна комисија – надлежна за изготвување измени или дополнувања на текстот на Статутот. Актуелен претседател на СК е Наташа Стефановска ([email protected]).

б) Надзорна комисија – надлежна за следење, анализа и ревизија на материјално-финансиското работење на Партијата. Актуелен претседател на НК е Славко Митески ([email protected]).

в) Дисциплинска комисија – надлежна за утврдување одговорност и вина на партиските членови и изрекување санкции. Актуелен претседател на ДК е Бојан Бојоски ([email protected]).

Членовите на Трибунатот се избираат од страна на Президиумот со мандат од четири години и тие, во исто време, не можат да бидат и членови на Президиумот.

Членовите на комисиите си избираат претседател од своите редови, кој го потврдува, т.е. верификува Президиумот.

 

Приклучи се!

Биди дел од промената и приклучи се на Левица!

Донирај онлајн