Антифашистички фронт на жените

весна кираџиева

Раководител

Весна Кираџиева

Електронска пошта

Контакт телефон

075/518-063

Секретар

Лилјана Димовска

Антифашистичкиот фронт на жените (АФЖ) е основан на 8 март 2023 со одлука на Президиумот на Левица.

Целите, задачите и активностите на АФЖ на Левица се следниве:

  • да го разобличува патријархалниот морал и да учествува во борбата против сите облици на дискриминација по било кој основ;
  • да поттикнува лев феминизам, како стожер и никулец на феминизмот генерално;
  • да се бори за еманципација на жените, ослободени од сите религиозни стеги, догматски фундаментализми, злоупотреби на верските чувства, културната заостанатост, предрасудите и стереотипите;
  • да го промовира политичкото и економското јакнење на жените, социјалното вклучување на жените од руралните средини и маргинализираните и ранливите групи;
  • да се бори за правата на жените-работнички и да учествува во унапредувањето на социјалната правда и нивната класна еманципација;
  • активно да учествува во унапредувањето и подобрување на политиките на Партијата;
  • да го унапредува знаењето на своите членки, како и на пошироката јавност, организирајќи собири, трибини, конференции, проекции, предавања и дискусии на определени теми од областа на феминизмот;
  • да работи на национално обединување на сите жени во Република Македонија, без оглед на нивната етничка, верска или било каква друга припадност;
  • да го шири духот на другарството, солидарноста и рамноправноста во машко-женските односи;
  • да врши критика на постојните општествени односи и да понуди алтернатива;
  • да одржува средби со здруженија и контакти со поединци, на кои ќе ги обработуваат актуелните теми за општествена афирмација на жените во социјално-општествениот живот и сл.

Приклучи се!

Биди дел од промената и приклучи се на Левица!

Донирај онлајн