Зошто донираш:
Ние сме Партија која не дозволува идеалите и принципите да бидат условени од валканите пари на транзициските богаташи, корумпираните политичари и интересите на разни лоби групи. Во нашата партија се кали новата генерација на Македонија, која стравот и безнадежноста го заменуваат со храброст и решителност во Борбата за подобра иднина. Не е важно колку можеш да одвоиш од себе, важно е да покажеш дека си застанал во борбените редови против непријателите на Татковината, против корумпираната политичка елита. Донирај онолку колку што можеш! Важно е да се обединиме во жедта за правда и воскликот за слобода и со посветеност и ентузијазам повторно да ја воздигнеме Републиката. Најдобите денови се оние кои сѐ уште не сме ги доживеале, а ќе ги создадеме и дочекаме сплотени заедно!