Како да се пријавам за гласање од странство во 4 чекори?

Државјаните на Република Македонија кои на денот на изборите се на привремена работа или престој во странство, а се запишани во Избирачкиот список можат да гласаат за избор на проф. д-р Билјана Ванковска за претседател на Македонија и за избор на пратениците на Левица како дел од парламентарните избори во дипломатско-конзуларните претставништва на Република Македонија во странство односно конзуларни канцеларии, во согласност со одредбите на Изборниот Законик!

За да го остварат тоа право, тие треба да се пријават со пополнување на онлајн формулар (за што им е потребно околу 5 минути) со краен рок до 18.03.2024 година.

Пријавувањето за гласање од Дипломатско-Конзуларно Претставништво на Република Македонија во странство се врши на следниов линк: dijaspora.sec.mk

1. По пристапувањето на линкот, ќе ви се отвори страната прикажана на сликата, каде што треба да кликнете на полето Пополни пријава/барање:

image 2

2. По отварањето на полето ќе ви се отвори следната страна каде треба да го внесете вашиот матичен број и кодот за верификација на личноста од сликата:

image 3

3. По кликање на полето Пребарај ќе пристапите на формулар (како на сликата во продолжение) кој треба да го пополните со вашите лични податоци и податоци за најблиското конзуларно претставништво каде може да гласате на следните избори. Дел од податоците веќе ќе бидат пополнети затоа што станува збор за страната на Државната Изборна Комисија која ги има вашите податоци од избирачкиот список.

image 4

4. Кликнете на полето Поднеси Пријава и пристапи на истиот линк за проверка на статусот на пријавата кликајќи на копчето Провери Решение во наредните неколку дена!

Ви благодариме! Се пријавивте за гласање во најблиското конзуларно претставништво и со тоа придонесовте за подобрување на граѓанската изборна партиципативност за претстојните избори на кои ќе може да ја дадете вашата поддршка за Политичката Партија Левица и претседателската кандидатка проф. д-р Билјана Ванковска!

Избор на претседател на Републиката се врши во дипломатско-конзуларните претставништва на Република Македонија во Европа и Африка, во Северна и Јужна Америка и во Австралија и Азија, како една изборна единица според мнозинскиот модел.

Loading