ГРАДОНАЧАЛНИК ЗА ГАЗИ БАБА

DSC 5719 1

Зоран Трпчевски е роден на 13.10.1964 во Скопје. Завршил основно училиште во Скопје, а средно воено училиште во Сараево. Има работено во повеќе градови на поранешна Југославија. По независноста на Македонија работи како подофицер во АРМ во Скопје. Воен пензионер е од 2007 година. Со изразено левичарски определби и желба истите да бидат повторно вратени како општествен систем, тој во 2013 година се приклучи на Левичарското движење „Солидарност“, а од 2016 година е еден од основачите на Левица.