Накратко би се опишал како човек кој смета дека е најдоблесно да се живее од сопствен труд, кој го почитува семејството како основна клетка на секое општество и искрен во односот со други луѓе. По занимање земјоделец, трговец, волонтер во Aгенцијата за поттикнување и развој на земјоделството како советник за искористување на средствата од ИПАРД програмите. Тековно вработен во Кромберг и Шуберт, во одделот за логистика. Страствен љубител на сопортот и природата.
Кратка биографија (образование, професија и работноискуство)
Роден сум 1989 година во Битола, а денес живеам во село Беранци. Иванче Ристевски е роден 1989 година во Битола, a денес живее во село Беранци. Дипломиран менаџер по биотехника на Факултетот за биотехнички науки на Универзитетот Св. „Климент Охридски“ во Битола. Има 10годишно разновидно работно искуство, a бидејќи потекнува од земјоделско семејство, како дополнителна дејност работи во земјоделието. Поседува долгогодишно работно искуство во трговијата, а веќе шест месеци волонтира и во Aгенцијата за поттикнување и развој на земјоделството како советник за искористување на средствата од ИПАРД програмите. Спортски е активен, а беше и председател на фудбалски клуб кој настапуваше во општинска фудбалска лига. Моментално вработен во Кромберг и Шуберт, во одделот за логистика.