Јованче Палија – носител на советничка листа во Општина Демир Капија

[tdc_zone type=”tdc_content”][vc_row][vc_column][td_block_text_with_title]

Јованче Палија
носител на советничка листа во Општина Демир Капија

[/td_block_text_with_title][/vc_column][/vc_row][vc_row][vc_column width=”5″][vc_single_image media_size_image_height=”150″ media_size_image_width=”150″ image=”14859″ height=”425″][/vc_column][vc_column width=”7″][vc_column_text]

Накратко би се опишал како борец за правда, чесен и вреден работник, алпинист и планинар, другар, вљубеник во природата и нејзин чувар, човек кој човек кој сé во својот живот има постигнато со напорна работа, борба, упорност, чесност и чиста совест! Подготвен сум да се борам за да ја вратиме општината во рацете на народот. Општина Демир Капија со години трпи партиски вработувања и е дрско уништувана од страна на алчни мафијаши, криминалци и корумпирани градоначалници и советници. Ова мора да запре!

Кратка биографија (образование, професија и работно искуство)

Роден сум 1980 година во Титов Велес, од родители кои се доселеници од времето на СФР Југославија. Татко ми е од Босна, а мајка ми од Пожарско, Егејска Македонија. Тие решиле да го започнат својот заеднички живот покрај најубавата клисура на Балканот и пошироко, гратчето покрај 3 реки, Демир Капија, Железната Порта. Основно училиште завршив во Демир Капија, додека средно училиште завршив во средното стручно училиште „Ќиро Спанџов – Брко“, во Кавадарци во 1998 година, каде што изучив средно-машинско. 

[/vc_column_text][/vc_column][/vc_row][vc_row][vc_column][vc_column_text]

Служев воен рок во периодот 2000/2001 година во Дебар и подоцна како граничар на границата со Албанија. После воениот рок зедов обука за заварување и оттогаш, па досега професионално се бавам со тој занает. Секогаш лојален и посветен вработен во компанијата „Монтинг-Енергетика“ од Скопје, која ги препозна моите квалитети и каде што работам скоро 19 години. Среќно се оженив во 2002 година со мојата сакана сопруга, со која имаме 2 прекрасни деца.

Мојата поврзаност со Демир Капија е нераскинлива. Место каде што пораснав и каде што го поминав детството и скоро целиот мој живот, кое не би го менувал за ниту едно друго на светот. Со другарите и пријателите од Демир Капија отсекогаш сме се залагале да ја промовираме нашата општина и прекрасната природа, клисурата која има фантастични карпи за качување/алпинизам, тврдината Просек, Реката Вардар, реките Бошавица и Дошница, како идеални места за алтернативен туризам и спорт. Иницијатор и коосновач сум на спортскиот клуб „Клисура“ од Демир Капија, каде што сум и потпретседател. Нашиот спортски клуб го организираше интернационалниот фестивал „International Outdoor festival Demir Kapija“, во Демир Капија во 2018 и 2019 година, каде што имаше учесници и од други држави.

Со моето друштво – вљубеници во природата како мене, заедно ги направивме пристапни туристичките атракции – „Топлите Виришта“, вирови на реката Дошница за летен туризам и капење. Редовно организираме доброволни работни акции за чистење на овие, но и на други туристички атракции.

Покрај мојата љубов и посветеност во спречување на уништувањето на природата во нашата општина, сега конечно дојде време и да се избориме за заедно да ја вратиме општина Демир Капија таму каде што и е местото – кај народот! Општината и советот да се стават конечно во служба на народот!

Мотивација за вклучување во политика

Клучната мотивација за да се вклучам во политиката е големото незадоволство од властите кои ја водат оваа држава во изминатите 30 години, како и желбата да учествувам во позитивни промени, пред сѐ во начинот на управување со општините кои ги одредуваат условите и квалитетот на живот на населението. Единствен начин да се издејствуваат овие потребни промени е преку учество и делување во политичка партија, која е независна од олигархијата и крупниот капитал и која нема балкан багаж од минатото!

Што сакам да постигнам и променам во моето опкружување и општеството?

Нашето општество треба да се промени од корен, но за тоа е потребно Левица да ја добие власта. Народот во Левица веќе ја препознава искреноста, чесноста и фактот дека Левица е единствена партија која е навистина на страната на народот, на страната на обесправениот работник, на страната на обесправениот земјоделец и мал стопанственик – работник во фамилијарната фирма.

Со моето делување сакам да направам сé што е во моја можност да го спречиме понатамошниот криминал во советот и општината, наместени тендери, партиски вработувања и унапредувања, непотизмот, како и спречување на неразумни проекти кои се штетни и непотребни како за жителите од општина Демир Капија, така и за буџетот на општината.

Заедно со другите советници од Левица кои ќе влезат во советот, ќе се бориме потполно да го елиминираме партиското вработување. Ќе се залагаме и бориме нашата општина да стане многу поатрактивно и попознато туристичко место во Македонија, на Балканот и пошироко, како и нашата прекрасна клисура да добие статус на национален парк, заштитен од државата. Ќе се залагаме да се унапреди земјоделието, да се инсталира систем за полевање на земјоделските површини и трудот и производите од земјоделието да бидат платени како што треба. Ќе се залагаме да привлечеме инвестиции, со што општината би станала економски стабилна и независна.

Со оваа моја кандидатура како носител на листа, сметам дека моите работни ангажмани низ годиниве во Германија, северна Африка (Алжир), Австрија, Словенија, како и други држави од поранешна Југославија, ангажмани кои ми донесоа доста искуство, на кои стекнав доста пријатели, пред се спортисти и љубители на природата, научив и увидов, дека за да се подобри квалитетот на животот и местото на живеење не треба многу, туку треба само љубов, искреност и посветеност. Најголемиот проблем во нашиот град и нашата општина е тоа што многу млади се иселуваат, а една од нашите главни цели е да го спречиме ова, да ја направиме нашата општина прекрасно место за живеење, со високо квалитетен начин на живот, за да се вратат многудетните семејства, како и да привлечеме луѓе од други места да се доселат и да живеат во Демир Капија.

Зошто ја избрав и се кандидирам преку Левица?

Единствената вистинска опција во 30 годишното постоење на независна Република Македонија е дефинитивно ЛЕВИЦА, во која народот препозна надетничка и автентична партија, која потекнува од народот и во која за многумина е искра во мракот, светло на крајот од тунелот. Преку своите искрени и чесни намери, кои беа препознаени од македонскиот народ, преку своите заложби и упорна борба за промени, партијата ме привлече да се приклучам кон нејзините активности и самиот да придонесам кон промените кои се незапирливи. Членовите на партијата, со посветен ангажман и ентузијазам, допринесуваат популарноста на Левица да расте континуирано и со својата искреност и чесност да се приближи и да биде достапна до секој граѓанин кој ја има истата цел – ослободување од корумпирани политичари и нови политики со нови луѓе во процесите.

Мојата порака до народот

Драги мои другари, пријатели, соседи, демир-капијци, жители на градот и на селата, сега е моментот заедно да направиме разлика и позитивни промени во нашата општина и конечно да ја ослободиме од криминалот на големите партии, кои со тесно мнозинство во советот, наизменично се менуваа на секои 4 години и го крадеа народот, притоа работејќи за свои лични интереси, наместо за интересите на заедницата и на народот. Ако самите не дозволиме, никој не може да нѐ уцени и да ни каже за кого да гласате. Тоа го знаеме само ние самите. Јас не сакам никого да убедувам, затоа што изборот е само ваш. Сакам само да нагласам дека во оваа борба е потребна храброст и од неа не смееме да се откажеме. Оваа општина е наша, на народот и не смееме да ја оставиме во рацете на оние на кои личните интереси им се над општествените; во рацете на луѓе кои не ја заслужуваат.

[/vc_column_text][/vc_column][/vc_row][/tdc_zone]