Михаил Тодоров – носител на советничка листа во Општина Богданци

[tdc_zone type=”tdc_content”][vc_row][vc_column][td_block_text_with_title]

Михаил Тодоров 
носител на советничка листа во Општина Богданци

[/td_block_text_with_title][/vc_column][/vc_row][vc_row][vc_column width=”5″][vc_single_image media_size_image_height=”150″ media_size_image_width=”150″ image=”14556″][/vc_column][vc_column width=”7″][vc_column_text]

Накратко би се опишал како другар, љубител на спортот (спортист), борец за економска и социјална правда, дипломиран економист, вработен како царински декларант-шпедитер, земјоделец (како дополнителна дејност) роден и израснат во Стојаково, Оштина Богданци. Она што најмногу го сакам е повторно да создадеме услови на живеење за кои слушаме од нашите родители – живот во солидарност, меѓусебна доверба, помагање, еднаквост и другарство меѓу народот.

Кратка биографија (образование, професија и работно искуство)

Роден  сум 1992 година во Стојаково, Богданци. Мојот образовен пат започна во  Стојаково а средното образование го завршив во гимназијата Јосиф Јосифовски, Гевгелија, како економски техничар.  Продолжив на Економски факултет – Скопје при  УКИМ. Се стекнав со титулата дипломиран економист на департманот -надворешна трговија.

[/vc_column_text][/vc_column][/vc_row][vc_row][vc_column][vc_column_text]

Економијата  беше совршена област во која можев да се пронајдам себеси. Отсекот надворешна трговија, пак, го одбрав со цел преку практикување на тоа знаење,  да придонесам за земјоделецот да добие правична цена за својот производ, мотивиран од неправдите и осиромашувањето на земјоделецот  кои како дете ги гледав и сѐ уште ги сведочам.

Работев за време на студиите, а по дипломирањето успеав да најдам работа и да се усовршувам во струката. Со повеќе од 5 години искуство во областа на транспортот и надворешната трговија, имам визија и план за развој на мојата локална заедница.

Мотивација за вклучување во политика

Со години сведочам како од државава си заминуваат младите. Си заминаа и мои другари. Решен да останам во Македонија, сфатив дека единствен начин да престане магичниот круг на уништување на државата и иселување на народот е да почнам да се борам. Дека ако сакам поубава земја, мора да се спротивставам на трулиот систем во кој наместо квалитет и знаење, доминира партиското вработување и непотизмот, кој ги брка луѓето од татковината.

Во Левица препознав другари кои си ја сакаат државата. Луѓе кои во животот сѐ створиле со своите две  раце и ум. Се приклучив затоа што и јас сакам да ја биде Македонија. Ме боли неправдата, секојдневните проблеми на секој млад човек, на секој измачен земјоделец, на секој текстилец, на секој вреден работник. Ова се луѓето кои се клучни за функционирање на општеството, а се оставени и заборавени на маргините. Ова се луѓето кои го прават нашиот леб, нашето млеко, нашето сирење, кои ги произвдуваат највкусните домати, компири и ориз, кои нѐ услужуваат во маркетите, кои ни ги шијат облеките…  а самите немаат доволно средства за да го поминат месецот. Нивниот труд е искористен и неплатен!

Ова мора да се промени. Секој треба да има достоинствен живот и еднакви можности. Иднината зависи од секој од нас – ние, народот сме тие кои всушност одлучуваме дали ќе има промени кон подобро или не. Ние самите имаме можност да избереме дали ова што сега ни се случува ќе продолжи, или ќе ставиме крај.

Јас избрав и сакам да ставам крај на неправдата!

ЗА ОВА СЕ БОРАМ!

Што сакам да постигнам и променам во моето опкружување и општеството?

Сакам економски силна општина, која ќе биде сервис за сите граѓани, во која младите ќе ја гледаат својата иднина. Сакам да ги вратиме насмевките на лицата на нашите сограѓани и сонародници. Сечиј проблем е и мој проблем – тоа е почетната точка на моето размислување и делување. Кога децата на другите луѓе немаат игралишта, тоа значи дека и моето дете ќе нема. Кога мој другар или сосед не зел плата и не може да го помине месецот, значи дека ќе биде уште еден несреќен човек со кого го делам секојдневието. Проблемите ни се заеднички. Затоа и само сплотени, заедно ќе можеме да ги решиме.  

Фокусот го ставам на создавање на услови за живот по мерка на народот. Човекот по својата природа има потреба од зелени површини во општината каде живее, има потреба од планско градење кое ќе го интегрира зеленилото во урбанизацијата, има потреба од културно-забавни активности, младите пак, имаат потреба од можности за искористување на својот потенцијал преку општински клубови за развој на своите вештини, од спортски сали и терени, на децата им се потребни зелени градини во училиштата и игралишта кои ја развиваат нивната моторика. Време е и да видиме каде се народните пари и зошто досега немаме развиени и општини со човечни услови за живот. Да дознаеме што точно се случува во советите на општините и како се носат одлуките за трошење на буџетот кој сите ние го полниме.  Мојата активност ќе биде насочена и кон запирање на штетните практики и комуницирање со јавноста за истите, за да можеме сите да носиме информирани одлуки за нашето општество.

Зошто се кандидирам преку Левица?

Левица е партија за работниците, партија за правдата, партија за угнетениот земјоделец, партија за националниот интерес на Македонија. Левица е единствената политичка партија во која ги пронајдов идеалите за кои се залагам и самиот. Верувам во другарите, затоа што од ден на ден, докажуваат дека знаат како да се борат со лошите момци и веќе значително им ги поматија сметките. Докажаа и дека се непоткупливи и непокорливи. Борбата е почната и лично сакам да учествувам во неа, за да може да продолжи. Поддршката за Левица расте со неверојатно темпо и многумина ја препознаа како единствена опција со која сакаат да градиме иднина.

Мојата порака до народот

Мои другари, пријатели, соседи, колеги, познаници  и драги сограѓани, нашата болна сегашност во која живееме сите ние, освен олигарсите и корумпираните политичари кои ни ја сервираат, е резултат на нашите погрешни избори во минатото. Редно време е веќе да не ги повторуваме грешките од минатото и да кажеме СТОП на сивилото во кое живееме.

Нашата иднина, иднината на нашите деца и внуци, зависи од нас и од нашите избори кои ќе ги направиме сега, на овие избори. Јас верувам дека можеме, сакаме и многумина од нас ќе избереме мудро, со цел да направиме промени според наша мерка. Ние заедно, одлучуваме за иднината на Општина Богданци.  

Да одлучиме и збереме мудро, со давање на шанса на нови луѓе и конечно да ги тргнеме докажаните неработници од позиции на одлучување, оти покажаа дека таму сигурно  не им е местото!

[/vc_column_text][/vc_column][/vc_row][/tdc_zone]