ПОТПИШИ СЕ

Доколку ја прифаќате Платформата на „Иницијативата за партија – ЛЕВИЦА“ и сакате да го дадете Вашиот придонес во процесот на формирање/регистрација на истата, подолу ги имате сите потребни информации и задолжителни документи согласно Законот за политички партии.


  1. ИЗЈАВА ЗАВЕРЕНА НА НОТАР

Изјавата се пополнува читливо на македонски јазик со кирилично писмо во 2 примерока и во неа задолжително се наведуваат точни податоци, онака како што се запишани во личната карта на лицето кое ја дава изјавата.

ПОТРЕБНИ ДОКУМЕНТИ:

   2.  НОВО УВЕРЕНИЕ ЗА ДРЖАВЈАНСТВО 

Уверение за државјанство на Република Македонија може да се издаде според живеалиштето на граѓанинот или во сите подрачни единици на Министерството за внатрешни работи доколку државјанството е регулирано во регистарот на државјани. Се пополнува лично барање или со полномошно за Уверение за државјанство на Република Македонија.

При поднесување на формуларот за издавање уверение за државјанство дополнително се наплаќа такса која изнесува 50,оо денари на уплатница и 100,оо денари таксени марки.

ПОТРЕБНИ ДОКУМЕНТИ:

* Освен со уплатница, постои и можност за безготовинско плаќање со кредитна/дебитна картичка на лице место при поднесувањето на формуларот за издавање уверение за државјанство.

Штом ги комплетирате потребните документи контактирајте ја ЛЕВИЦА преку нејзиниот официјален мејлcontact[at]levica.mk, преку официјалната КОНТАКТ форма на нашиот сајт, пишете порака на нашиот ФЕЈСБУК профил, преку приватна порака на нашиот ТВИТЕР профил или јавете се на еден од следните три телефонски броеви – 1. 075/784-732 2. 075/654-977 3. 075/784-530.


Најчесто поставувани прашања во врска со процесот на собирање на потписи.