Советникот Димитар Абрашев од Левица постави 2 прашања до Градоначалникот на Општина Велес и тоа:
1. Дали општинската администрација случајно или намерно заборави да го одбележи 9ти мај , Денот на победата над фашизмот?
2. Дали се планира конечно решавање на проблемот со угостителските објекти во близина на Гимназија „Кочо Рацин“?
Да потсетиме единствени во Општина Велес кои оддадоа почит на борците кои ги дале своите животи во борба против фашизмот беа советниците на Левица!
За проблемот со угостителските објекти, жителите години наназад бараат решавање на нивниот проблем, но за жал до овој момент на повидок нема никакво решение.
Како претставници на народот ќе се заложиме овој проблем конечно да се реши, со кој би се задоволиле и двете страни, односно угостителите и жителите на Општина Велес.
ПОЛИТИЧКА ПАРТИЈА ЛЕВИЦА-Велес
12 мај, 2022