(Видео) Советничко прашање на Маргица Урумова од Левица до градоначалникот на Велес

levica_veles

Loading

Тагови:

Донирај онлајн

Промовирањето на проекти кои се далеку од реализација и без обезбедени средства за нивно реализирање како популистички метод за додворување на граѓаните. Такви проекти, кои фамозно ги најавува градоначалникот се подземната гаража и игралиштето во населба Дворови, но и обезбедените средства не значат реализација на проект.

Таков проект е проектот за централното градско подрачје со кој се предвидуваше решавање на сообраќајниот хаос со изградба на велосипедски и пешачки зони за кој се обезбедени 750 000 евра, но сепак поради лошото планирање и комбинирање со другите проекти граѓаните нема да ги видат бенефитите од овој проект, сообраќајниот хаос наместо да се реши само ќе се влоши.

Дали контрадикторните изјави на градоначалникот во однос на лимитираниот буџет, високите сметки на потрошена електрична енергија и најавените капитални проекти се само еден добар маркетинг, самопромоција како и механизам за прикривање на лошото планирање и менаџирање?

Советнички прашања до Градоначалникот на Општина Велес од советничката Маргица Урумова од Левица.

ПОЛИТИЧКА ПАРТИЈА ЛЕВИЦА-ВЕЛЕС

17 МАЈ 2022

Loading

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ