Ванковска, Ристовски, Јовановска во Карпош: Ако сакаме достоинство овие избори немаме право на грешка

437135572_999709618178769_1977954915382810720_n

Кандидатката за претседател на Левица, професорката Билјана Ванковска и кандидатите за пратеници од ИЕ1 Дарко Ристовски и Катерина Јовановска, денес одражаа средба со граѓани во Карпош.

435559788 999709851512079 6218732718296840654 n

На средбата беа презентирани делови од програмата на Ванковска за претстојните избори, и народот повторно ги препозна цврстите ставови на левичарите – ако сакаме достоинство, овие избори немаме право на грешка!
Мора да излеземе и да гласаме за да се прашува народот!

437221558 999709818178749 8778786546220040776 n

Во изјавата, од општината која е и нејзин дом, професорката како различна понуда од сите останати истакна дека:

“Покренување на постапка за излегување од НАТО е неопходна. Како сиромашна земја која нема економски развој, а секоја година издвојува повеќе од 2% од својот вкупен национален доход само тоне во сиромаштија. Притоа она што го издвојуваме оди за финансирање туѓи војни!”

“Нужно е да донесеме нов Устав наместо да се надмудруваме кој ќе влезе во преамбулата. Тој Устав ќе биде современ, таков каков што ќе го донесеме за себе како политичка заедница која нема да биде делена по етнички квоти, со олигархии и етнотрибализам, туку социјален Устав, заснован на принципите на социјална класна правда и еднакви можности!”

“Сонцето и Белите мугри на Рацин изгреваат на исток! Иако ни кажуваат политички мудрости дека сонцето излегува на запад, на запад се случуваат драматични работи, светот се менува и ние треба да гледаме на сите четири страни!”

435559787 999709584845439 8375167107031621767 n 1

На крајот, професорката Ванковска и нашите кандидати за пратеници од ИЕ1 Ристовски и Јовановска, положија цвеќе на споменикот на паднатите борци во НОБ од Нерези кај мостот “Обединети нации” – симболот на заедништво во историската борба за слободна Македонија.

436410902 999709978178733 295073948964230026 n

Loading

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ